Mircovski, Vojo and Sijakova-Ivanova, Tena and Dimov, Gorgi (2014) Хидрогеолошки истражувања на минерална вода и гас Co2 во село Рибарци, општина Новаци, Република Македонија. Natural Resources and Technology, 8. ISSN 1857- 8829
Text
Рецензиран труд Војо, Ѓорги.docx Download (227kB) |
Abstract
За истражување и експлоатација на минерална вода и гас СО2 во околината на селото Рибарци се изведени две истражно-експлоатациони дупнатини во рамките на неогените седименти.
Водоносните хоризонти во рамките на комплексниот тип на водоносници се јавуваат на повеќе нивоа. Истите се одликуваат со променлива дебелина на водоносните хоризонти, т.е. поединечна дебелината на водоносните слоеви најчесто се движи во граница од 2.0-10.0 m., додека вкупната дебелина на сите водоносни слоеви во рамките на целиот неоген комплекс се движи во границите од 10 - 20%, од вкупниот депозит на неогените седименти.
Првата дупнатина (Б-1) е изведена до длабина од 300 m и издашноста на истата изнесува 50 l/s. додека втората дупнатина (Б-2) е изведена до длабиона од 52 m и има издашност од 3,8 l/s.
Карактеристично за овој тип на водоносник е тоа што водата е минерална и со себе носи одредени количини на гас CO2. Механизмот на самоизлевањето на вода од изведените дупнатини и бунари е условен од гасовите.
Според хидрохемискиот тип водата е хидрокарбонатна - хлоридна, натриум-магнезиумска вода. Температурата на водата е 18 °С. Вкупната минералиација е 876 mg/l а електроспроводливоста е 12840 mScm-1. Минералната вода од овој бунар е со висок степен на карбонатна тврдина од 381.56 dHo односно висока вкупна тврдина од 262.26 dHo.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Gorgi Dimov |
Date Deposited: | 22 Jan 2015 14:57 |
Last Modified: | 22 Jan 2015 14:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12042 |
Actions (login required)
View Item |