Неолитизација и развој на неолитните култури во Кочанската котлина

Nacev, Trajce and Stojanov, Darko (2014) Неолитизација и развој на неолитните култури во Кочанската котлина. [Project]

[thumbnail of Izvestaj - Neolitski kulturi vo Kocani.pdf]
Preview
Text
Izvestaj - Neolitski kulturi vo Kocani.pdf

Download (362kB) | Preview

Abstract

Во текот на 2014 година е планирана реализација на првата фаза од проектот „Неолитизација и развој на неолитните култури во Кочанската котлина‟. Проектот ќе започне од северната граница на котлината, поточно на ниските ридови од каде што кон Север и Североисток започнуваат Осоговските Планини. Овде, во атарот на селата Нивичани и Бели, се наоѓаат два локалитети регистрирани во Археолошката карта на Р. Македонија, кои, меѓу другото, содржат остатоци и од Неолитот.
Годинава се планирани сондажни археолошки истражувања на овие два локалитети, како и екстензивно рекогносцирање на останатиот дел на Кочанската котлина. Преку сондажните истражувања ќе биде утврдена вертикалната стратиграфија и подетална хронолошка припадност на овие два локалитети. Рекогносцирањата ќе се вршат со цел откривање и регистрирање на нови локалитети од Неолитот, собирање на површински материјал, со што би се добила поцелосна слика за вистинската концентрација на населението во оваа котлина, во различните фази на Неолитот.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 29 Dec 2014 12:46
Last Modified: 29 Dec 2014 12:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11858

Actions (login required)

View Item View Item