Nacev, Trajce (2014) Пајонски населби, утврдувања и некрополи по текот на р. Брегалница. [Project]
Preview |
Text
Pajonija.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Овој истражувачки проект ќе опфати археолошки истражувања на локалитети и некрополи како и поединечни движни наоди на просторот по целото течение на реката Брегалница. Хронолошки и културно периодот на Пајонската држава и нејзиниот најголем подем во археолошката наука се совпаѓа со развиеното Железно време ИИ, односно од 7 - 5 век п.н.е.
Периодот се карактеризира со големи утврдени населби со развиена урбана структура, додека со истражувањето на некрополите ќе бидат опфатени рамните некрополи и тумуларното погребување, особено во горниот и средниот тек на реката Брегалница. Од досегашните истражувања констатирана е голема концентрација на тумули покрај патните комуникации, кои овој простор го поврзувале со околните, на што индицира и густата населеност на брегалничкиот басен во овој период.
Во развиената Пајонска држава постоеле едни од најраните монетоковач-ници, како на пример на племето Дерони, кое било населено околу реката Брегалница и со лоза на кралеви кои се крунисувале во Астибос, односно денешна Брегалница.
Методолошки, истражувањата ќе се одвиваат по фази и тоа по пат на рекогносцирање и сондажни ископувања заради утврдување на хоризонталната и вертикалната стратиграфија на културните нивои и слоеви на живеење.
Со истражувањето на некрополите ќе се добие прецизно хронолошко дефинирање на пајонската култура која е уникатна и препознатлива само на просторите на Република Македонија.
Со рекогносцирањето и теренската проспекција ќе бидат пронајдени движни наоди и ќе се убицираат нови локалитети.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 29 Dec 2014 12:43 |
Last Modified: | 29 Dec 2014 12:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11856 |
Actions (login required)
View Item |