Jakimovska, Svetlana (2014) Востановување на науката за преведувањето и на нејзините називи во научната средина. Литературен збор, 4-6. pp. 97-105. ISSN 0024-4791
Text
literaturen_zbor_3.doc Download (1MB) |
Abstract
Потребата од преведување е тесно поврзана со развојот на човечката цивилизација. По падот на толку споменуваната Вавилонска кула, преводот се наметнал како неопходност, како единствен мост кој над нејзините руини ќе продолжи да ги поврзува луѓето од различни говорни подрачја. Затоа е неблагодарно да се постави прашањето кога човекот започнал да преведува, бидејќи се чини дека преведувањето е исто толку стара дејност, колку што е стара и човечката цивилизација. Прашањето што денес се поставува е кога на преведувањето започнало да се гледа како на процес кој може да се анализира теориски. Иако школи за преведување постоеле уште многу одамна (најстарите потекнуваат од Толедо, од дванаесеттиот век), првпат можноста да се востанови наука на преведувањето се споменува дури по Втората светска војна. Целта на овој труд е да ги одбележи основните поставки на науката за преведувањето, насоките во кои таа се движи денес, како и називите кои денес се користат во научната средина.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Svetlana Jakimovska |
Date Deposited: | 26 Nov 2014 13:36 |
Last Modified: | 30 Jan 2015 09:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11471 |
Actions (login required)
View Item |