Програмска музика за соло флејта на XX век

Miteva, Zlatka (2014) Програмска музика за соло флејта на XX век. ISBN 978-608-244-073-6.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во музиката за дувачки инструменти од XX век има различни програмни пиеси, во чија што
основа се вметнати теми и случки од старогрчката митологија.
Темите и случките кои ги категоризираат овие програмни пиеси, се знакови за епохата
и ја бележат како тенденцијата за развој на програмниот жанр, така и конкретниот интерес кон
старогрчките легенди. Темите кои се јавуваат во овие пиеси се исклучително силни и би
можеле да се категоризираат дури и како илустративност во музиката.
Такви амблематични пиеси и творби во флејтовата литература се пиесата „Syrinx” на
Cloude Debussy и „Suite Mythologique” на L. De Lorenzo.
Двете пиеси се напишани на сосем различен начин, но во основата на темата и двете
пиеси исто го третираат митот за Пан, во грчката митологија се смета за оној кој ја открил
флејтата. Преку различните нијанси на звукот, различната боја на звукот, фразирањето на
одделни линии во пиесите и следењето на конкретната тематска линија е специфично и за
двете пиеси. И затоа особен интерес буди откривањето на митот како основа за
интерпретациското решение.
Овие две пиеси се исклучително интересни како форма и тоналитет. Техничките
елементи кои се појавуваат насекаде низ пиесите заедно со динамички врски, се предизвик за
секој исполнител, заедно со митолошката тема која се провлекува низ целата пиеса.
Интерпретацијата на „Syrinx” и „Suite Mythologique” е покана за секого да ја раскаже старата
приказна на свој начин.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Zlatka Miteva
Date Deposited: 21 Oct 2014 07:43
Last Modified: 08 Apr 2015 12:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11170

Actions (login required)

View Item View Item