Kostadinovic Velickovska, Sanja (2014) Производство на екстракти од растително потекло - рецензирана скрипта. ISBN 978-608-244-048-4.
Full text not available from this repository.Abstract
Оваа скрипта со наслов „Производство на екстракти од растително потекло― е наменета за студенти кои ги проучуваат постапките за производство на растителни екстракти и нивна употреба како нутритивни продукти и лекарства.
Во првиот дел од скриптата објаснети се основните хемиски принципи за добивање на екстракти од растителен материјал. За да може суштински да се разбере процесот на производство на екстракти мора најпрвин да се разберат основните приниципи: растворливост и екстракција.
Погонско производство на растителни екстракти не е едноставен процес. За добивање на еден високо-квалитетен растителен екстракт неопходно е да се предвидат сите проблеми кои можат да се јават при процесот на производство. Заради тоа, во следните поглавја од скриптата, објаснети се помошните суровини кои се додаваат како и начинот на кој се решаваат проблемите при формирање на емулзии.
Најголем број од растителните екстракти се употребуваат како прехрамбени продукти и лекарства во секојдевниот живот или пак се дел од козметички производи. Сепак, овие екстракти не секогаш се добиваат со едноставна екстракција на растителниот материјал. Поради тоа, петтата глава од оваа скипта накратко ја објаснува дестилација како постапка за добивање на дестилати со висока чистота.
Правилно производство на растителни екстракти не секогаш гарантира висока чистота и квалитет на добиениот продукт. Поради тоа во шестата лекција од оваа скрипта спомнати се техниките за контрола на квалитет на екстрактите: инфрацрвена спектроскопија и нуклеарно-магнетна резонанца. За поедноставно разбирање на овие техники, прикажани се инфрацрвените спектри и нуклеарно-магнетно резонантните спектри на растителните екстракти кои најчесто се употребуваат во секојдневниот живот.
Во седмата лекција направени се поделби на растителните екстракти во однос на нивната почетна суровина, растворливост во поларни и неопларни медиуми како и според нивната употреба.
Во следните пет поглавја објаснети се постапките за производство на кофеин (од листови на чај), банана масло, спеарминт масло, масло од ким како и изолација на природни пигменти каротени и хлорофил (од спанаќ) и антоцијани (од грозје). Во овие поглавја објаснети се хемиските структури на пигментите, нивната стабилност и реактивност.
Во дванаесетото поглевје од оваа скрипта објаснета е „enfleuragе― техника за добивање на есенцијални масла и објаснета е терпенската природа на етеричните масла. Посебен акцент ставен е и на прехрамбените масла кои се добиваат со екстракција на маслодајните растенија со хексан, нивната нутритивна вредност и фармаколошкото дејство.
Во последното тринаесетто поглавје објаснет е процесот на конзервирање со употреба на хидроколоиди за приготвување на емулзии како и употреба на адитиви и стабилизатори за продолжување на рокот на употреба на екстрактите.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Sanja Kostadinovik |
Date Deposited: | 09 Sep 2014 09:50 |
Last Modified: | 30 Jan 2024 10:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10910 |
Actions (login required)
View Item |