Стојан Стојков : Неофолклорните толкувања на жанрот соната и сонатина во областа на камерното дуо

Trajkova, Nevenka (2011) Стојан Стојков : Неофолклорните толкувања на жанрот соната и сонатина во областа на камерното дуо. In: Струшка музичка есен, 2011, Струга, Македонија.

[thumbnail of SME%202011%20-%20preliminarna%20programa.pdf]
Preview
Text
SME%202011%20-%20preliminarna%20programa.pdf - Published Version

Download (766kB) | Preview

Abstract

Неофолклорните толкувања на жанрот соната и сонатина во областа на камерното дуо
Неотрадиционалните решенија во камерната музика на македонскиот композитор Стојан Стојков - неофолклорист кој ги прекршува традициите и бара нов пристап кон музичкиот јазик. Специфика на толкувањето на односот "пијано- соло инструмент" во
- Соната за обоа и пијано - Сонатина за виолина и пијано
Експериментот во камерното творештво на македонските композитори прераснува од длабочината на фолклорот – звучната (најмногу) и метроритмичната еманација од фолклорот, од кој произлегуваат "линиите на рефракција" и разградување на традиционалните камерни - музички форми. Неофолклорниот правец во македонската камерна и оркестарска музика е особено нетрадиционален - тој не е "следбеник" на Барток или на некои руски типови модалност, туку се издвојува со индивидуалноста и особено со создавањето на единствени интерпретации на полимодалноста и модалната хроматика.
Стојков создава индивидуални, авторски системи, различни една од друга и достојни за сериозно претставување во музичката литература. Фактот дека во последните две децении условите за креативен развој се доста неповолни, како и дефинитивно "загубата на традиција" во самата фолклорна култура ги фокусира процесите на национално идентификување на македонските автори со специфични системи, индивидуални, неповторливи, во кои неомодалната композиција се комбинира со влијанието на постмодерната и ги утврдува посебните, нетрадиционални толкувања на камерните состави и жанрови.
Стојков е еден од авторите поврзани со преобразување и осмислување на фолклорот, кој многу сликовито ги прикажува своите идеи за линеарно пишување со импулс кон совладување на модалните простори. Звучниот простор, изразен преку линеарната енергија – создадена со комбинирањето на звукореди и слично, изведени од националниот фолклор, стануваат причина неговите идеи во камерноинструменталната музика да се проценуваат како особено оригинални и интересни.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Nevenka Dukovska
Date Deposited: 25 Aug 2014 13:12
Last Modified: 25 Aug 2014 13:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10739

Actions (login required)

View Item View Item