Trajkova, Nevenka (2010) Интерпретацијата и комплементарноста како проблем во ансамбловото музицирање (на солистички инструмент со придружба на пијано), поставени од композиторските принципи и карактеристики на современите македонски композитори. In: Струшка музичка есен, 10-12 Sept 2010, Струга, Македонија.
Preview |
Text
SME%20-%202010%20-%20preliminarna%20programa.pdf - Presentation Download (553kB) | Preview |
Abstract
Интерпретацијата и комплементарноста како проблем во ансамбловото музицирање (на солистички инструмент со придружба на пијано), поставени од композторските принципи и карактеристики на современите македонски композитори.
- Тенденции во современата македонска музика – општ преглед врз развивањето на камерноинструменталните жанрови.
- Идејата за метроритмичната комплементарност и синхронот како аспекти на интерпретацијата
- Соодносот на солоинструмент-пијано како проблем на мелодиката и метроритмичната соработка на двата инструмента
Развојот на камерни и инструментални жанрови е еден од основните феномени, кога станува збор за еволуција во одредена национална култура. Во тој смисол тенденциите - како во македонската, бугарската, српската, словенската, грчката музика се неповторливи.
Премногу важен е контекстот на ХХ век, во кој се наметнуваат можните влијанија на одредени традиции: на рецепцијата на германската и австриска инструментална и професионална парадигма на музичката култура или на француската композиторска школа, исто така и влијанијата од руската или на некои централни трендови. ХХ век предизвикува различни видови "модернизам во уметноста“ (експресионизам, 12тонови школи(додекафонија), Надреализам и др); во исто време фолклорната уметност и разбирањето за национален музички јазик е меѓу централните позиции, кои во 30-те години се етаблирани од автори како Барток, Кодај , Стравински, Мартину.
Употребата на комплементарноста во хомофоните творби или барем нејзиното спонтано учество, како и самата интерпретацијата, синхронот и се друго се проблеми, скоро целосно пренебрегнати од теоријата .
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Nevenka Dukovska |
Date Deposited: | 29 Aug 2014 08:51 |
Last Modified: | 29 Aug 2014 08:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10738 |
Actions (login required)
View Item |