Nasev, Lence (2010) Музичката форма на ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“ од Томислав Зографски - синтеза на музички традиции. In: Струшка музичка есен, 2010, Struga, Macedonia.
Preview |
Text
SME - 2010 - preliminarna programa.pdf Download (553kB) | Preview |
Abstract
Ораториумот Похвала Кирилу и Методију од творечкиот опус на композиторот Томислав Зографски се издвојува како посебна творба карактеристична по својот обемен изведувачки апарат – бас, рецитатор, три мешани хора и оркестар. Исто така, во ова дело е специфична сложеноста на музичката замисла, употребата на старословенскиот јазик и невообичаениот спој на изразни елементи од различно стилско потекло.
Синтезата на традиции се назира уште од самиот наслов – Похвала Кирилу и Методију – ораториум.
- Похвала – форма и литературен жанр од православната христијанска традиција;
- Ораториум – музички жанр на западноевропската професионална музичка традиција врз основа на црковниот жанр – пасија според текст од житието за Исус.
Композиторот во ова дело на свој индивидуален начин врши синтеза на фолклорната, црковната и професионалната традиција. Во овој труд ќе бидат разгледани музичките модели преку анализа на музичката форма и формообразувачките изразни средства.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Lence Nasev |
Date Deposited: | 10 Jul 2014 10:43 |
Last Modified: | 10 Jul 2014 10:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10474 |
Actions (login required)
View Item |