Mladenoski, Ranko (2006) Морална деградација на ликот (книжевно-теориски аспекти). Современост, 54 (2). pp. 94-104. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
Ranko Mladenoski Moralna degradacija na likot.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува книжевно-теориска елаборација на проблематиката поврзана со моралната деградација на ликот. Во трудот се потенцира дека овој проблем што е поврзан со книжевниот лик ќе биде лимитиран на еден аспект на ликот, а тоа е книжевниот лик сфатен само како личност (ликот-знак сведен само на неговите психолошки семи/ атрибути). Во таа смисла се зема предвид дефиницијата на Лисјен Голдман за романот според кого тој е „приказна за деградирана (неавтентична) потрага по автентични вредности во еден свет којшто и самиот е деградиран“. Оттаму се отвора прашањето за опозицијата проблематичен свет – проблематичен јунак. Проблематичен свет е оној свет во кој владее конформизам и конвенционалност. Проблематичен јунак, пак, е оној којшто им се противставува на тие препреки воспоставени од проблематичниот свет за да стигне до посакуваната цел. Покрај тоа, во трудот се елаборира и прашањето за колективниот проблематичен јунак (групата), но и прашањето за реификацијата – релација меѓу човекот и предметите во која предметите почнуваат да владеат со човекот, односно со неговата слобода. Сите тие, но и многу други елементи, доведуваат до деградација на личноста, односно на ликот, со што во трудот се покажуваат наративните елементи што доведуваат до морална деградација на книжевниот лик.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 19 Jun 2014 10:39 |
Last Modified: | 19 Jun 2014 10:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10136 |
Actions (login required)
View Item |