Janevski, Vladimir (2013) Етнокореолошки карактеристики на македонските народни ора (по избрани примери). Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје. ISBN 978-9989-642-1
Preview |
Text
Kniga Етнокореолошки карактеристики преломена.pdf Download (7MB) | Preview |
Abstract
Предмет на истражување и анализа во темата се народните ора како сегмент од духовната култура на македонскиот народ. Низ времето и просторот ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата спроведени врз основа на неколку типа ора кои сè уште се сретнуваат на теренот или, пак, се запишани, односно обработени од македонски или странски автори кои се занимавале со истражувања од оваа проблематика. Не ретко во дисциплините се јавува потребата да се направат определени дистинкции и разјаснувања поврзани со тоа, што е предмет на нивното проучување. Така, во проучувањата на игрите во Македонија, но и во поранешната југословенска држава, во употреба беше терминот етнокореологија. Сепак, треба да се нагласи дека и етнологијата и антропологијата во голем дел од своите истражувања ги вклучуваат и елементите на народното музичко творештво што, секако, има своја оправданост преку постоењето на голем број одделенија кои постојат токму во рамките на етнолошките, односно антрополошките институти.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Vladimir Janevski |
Date Deposited: | 18 Mar 2014 13:37 |
Last Modified: | 18 Mar 2014 13:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9330 |
Actions (login required)
View Item |