Kонзерваторско реставраторски работи на објект “Пирго – Каљ’ната“ с. Мокриево, Струмица 2025 година

Nacev, Trajce (2025) Kонзерваторско реставраторски работи на објект “Пирго – Каљ’ната“ с. Мокриево, Струмица 2025 година. [Project]

[thumbnail of IZVESTAJ 2.pdf] Text
IZVESTAJ 2.pdf

Download (4MB)

Abstract

Археолошкиот локалитет, Пирг-Каљ’ната“ се наоѓа југоисточно од селото Мокриево, Општина Ново Село, во подножјето на планината Беласица, односно во крајниот југоисток на Р.Македонија.
Археолошките истражувања, предводени од археологот Зоран Рујак, беа спроведени во текот на 2011 и 2012 година. Истражувањата претставуваа обид да се проникне во структурата и организацијата на одбранбената фортификација во подножјето на планината Беласица, која има можност да биде поврзана со Самуиловите војни и настаните околу Беласичката битка.
Со археолошките ископувања беа откриени остатоци од набљудителна, односно одбранбена кула – Пирг која најверојатно била изградена во текот на доцноантичкиот / рановизантиски период, а понатаму била користена и во текот на средновековието.
Скромните истражувања на просторот североисточно од кулата покажаа дека не се забележуваат остатоци од други придружни објекти. Меѓутоа, нивното постоење треба да се очекува затоа што покрај овие одбранбени кули понекогаш се наоѓаат и други објекти (коњушници, работилници, ковачници, бедемски појаси итн.). Истражувањата на овој простор се дополнително отежнати поради тоа што околу кулата се наоѓа густа вегетација и столетни дрвја.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 05 Feb 2026 09:53
Last Modified: 05 Feb 2026 09:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37601

Actions (login required)

View Item
View Item