Nacev, Trajce and Cvetanov, Dusko (2023) Археолошки локалитет Мал Кајаси – с.Банско / Струмица (археолошки итражувања и конзервација на средновековната црква). In: XVII Цар-Шишманови дни.
Text
Програма Самоков 2023 (1).pdf Download (199kB) |
|
Text
Презентација - Душко-Цветанов-и-Трајче-Нацев-симпозиум-Самоков-Р.Бугарија (2023).pdf Download (13MB) |
Abstract
Локалитетот ,,Мал Кајаси“ се наоѓа во атарот на с.Банско. Станува збор за доцноантичка тврдина која била повторно запоседната и во текот на средновековието. Тврината се наоѓа на околу седумстотини метри југозападно од Рмискатa Терма, на еден од истурените ридови на планината Беласица. Дел од стручната јавност овде ја сместува тврината Термица (Θερμιτζα), која се споменува во хрониките на Јована Скилица како една од најзначајните тврдини во Струмичката област од времето на цар Самуил.
Првите археолошки истражувања се спроведни во текот на 2017 година, а потоа и во текот на 2019 година. Притоа е откриен мал дел од северозападната страна на акрополот каде што е наоѓа доцноантичката тврдина, како и еднокорабна црква којашто се наоѓа на околу 70 метри јужмно од тврдината. Според првите сознанија овој сакрален објект бил изграден во периодт од XII – XIII век и најверојатно опстојувал сѐ до османлиските освојувања на овие краишта.
Црквата е изградена од делкан плочест камен, а како врзиво средство е користен варов малтер. Нејзината внатрешност била богато живописана со два слоја фрескоживопис. Малата едногорабна црква била изградена за да ги опслужува духовните потреби на посадата која престојувала на тврдинат во текот на средниот век или, пак, истата била дел од мал манастирски комплекс.
Клучни зборови: Средновековна црква, тврдина, истражување, конзервација, Банско, Струмица
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 13 Feb 2024 13:29 |
Last Modified: | 13 Feb 2024 13:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33500 |
Actions (login required)
View Item |