Конзерваторски работи на западниот одбранбен ѕид од фортификацијата и на објект 10 на Цари Мали Град село Белчин - Самоков

Nacev, Trajce (2023) Конзерваторски работи на западниот одбранбен ѕид од фортификацијата и на објект 10 на Цари Мали Град село Белчин - Самоков. [Project]

[thumbnail of Izvestaj - Konzervacija na zapadniot odbranben yid na Cari Mali Grad.pdf] Text
Izvestaj - Konzervacija na zapadniot odbranben yid na Cari Mali Grad.pdf

Download (2MB)

Abstract

Од извршените конзерваторско работи на западниот одбранбен ѕид од фортификацијата и
на објект 10 на Цари Мали Град село Белчин - Самоков
Западен одбранбен ѕид од фортификацијата на Цари Мали Град
Археолошките истражувања на западниот одбранбен ѕид се завршени 2012 година.
Во 2012 – 2013 година во рамките на конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата,
конзервирани се мали делови од одбранбениот ѕид и тоа кај кула 6 од југ кон север во
должина 6.00 м и кај кула 1 од север кон југ во должина од 28.00 м. Одбранбениот ѕид се
наоѓа помеѓу кула 1 и кула 6 со вкупна должина 154,00 м. Делот кој не е конзервиран од
одбранбениот ѕид е со вкупна должина од 120.00 м и со ширина која се движи од 0.63/4 до
0.80 м. Оваа ширина е констатирана и кај двата ѕида (надворешниот и внатрешниот.
Во рамките на истражувањата во 2011-2012 година, констатирано е дека западниот
одбранбен ѕид е граден на два начина. Од кула 1 кон југ ѕидот е единичен со ширина од 1.50
во должина од 28.00 м. На ист начин одбрнбениот ѕид е граден и кај кула 6 кој кон север е
единичен со должина 6.00 м и ширина од 1.50 м. По оваа должина и од кула 1 и од кула 6
одбранбениот ѕид е двоен но не по целата линија на ѕидот. Од кула 1 должината на двојниот
ѕид е 40.00 м додека од кула 6 должината на двојниот ѕид е помала и таа изнесува 16.00 м.
Меѓу двата двојни ѕида ѕидот е единичен со ширина од 0.70 до 0.80 .При расчистувањето
на теренот пред да започнеме со конзервација, констатираме дека двојниот ѕид од кула 1
кон кула 6 е со должина од 40 м, додека во ЈЗ агол двојниот ѕид е 15 м.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 08 Feb 2024 10:46
Last Modified: 08 Feb 2024 10:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33466

Actions (login required)

View Item View Item