Работилница за стакло во Баргала

Nacev, Trajce and Atanasova, Ilinka (2023) Работилница за стакло во Баргала. In: XVII Цар-Шишманови дни.

[thumbnail of Presentation1.pdf] Text
Presentation1.pdf

Download (5MB)
[thumbnail of Програма Самоков 2023 (1).pdf] Text
Програма Самоков 2023 (1).pdf

Download (199kB)

Abstract

Утврдувањето Баргала се наоѓа во источниот дел на Р Македонија, на 17 км. од Штип, во подножјето на Плачковица. Тоа е во околината на селото Горен Козјак, на десниот брег на Козјачка река.
Со ископувањата во кула 7, помеѓу 2009 – 2011 година, го збогативме нашето знаење за економските аспекти на секторот Епископиум. Во кулата е откриена работилница и печка за производство на стакло. Работилницата има димензии од 12,6 х 6,3 м., со неколку простории. Изградената печка, сместена во кулата 7 е долга 3,90 m и широка 3,20 m. Печката е нивелирана врз слој од фрагментирана градежна керамика. Во вертикален пресек, печката за стакло може да се подели на два дела. Долниот дел служел како ложиште. Горниот дел има кружна основа со дијаметар од 1,25 m, кој постепено се намалува кон врвот. Во јужниот дел, во близина на површината на керамички плочи, во слој од растресита земја и пепел, откриени се 5 керамички лули со различни димензии (7 – 14 см). До југозападниот ѕид се откриени две метални цевки за дување, едната искршена во должина од 0,40 m, а другата 0,23 m. Постојат индиции дека работилницата за стакло и печката имале регионално значење, снабдувајќи го регионалното население со производи од стакло и полупроизводи. Работилницата најверојатно постоела во VI и почетокот на VII век од нашата ера. Потврда за датирањето се откриените монети, кои се протегаат од Јустинијан I (527-565) до Маурициус Тибериј (582-602).

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 08 Feb 2024 10:40
Last Modified: 08 Feb 2024 10:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33459

Actions (login required)

View Item View Item