Mihajlov, Ljupco (2022) Агротехнички и еколошки аспекти на конзервациската обработка на почвата. In: III Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 11 Nov 2022, Stip.
Text
III СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „КРИТИЧНИ ПРАШАЊА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“.pdf - Published Version Download (239kB) |
Abstract
Примената на конзервациската обработка на почвата (К.О.) претставува рационален пристап на управување со агроекосистемите, со цел нивно подобрување и одржлива продуктивност, зголемување на профитот и сигурноста на храната, паралелно со зачувување и унапредување на базите на природни ресурси во околината. Опишани се историјатот и распространетоста на К.О. на глобално ниво, предностите и недостатоците на примената на овој метод од агротехнички и агроеколошки аспекти. Потенцирани се предностите во делот на намалена потрошувачка на гориво, механизација и работна сила. Од еколошки аспект, намалена емисија на прашина и гасови во атмосферата во споредба со конвенционалната обработка на почвата, како и зголемување на бројноста и биодиверзитетот на микро и макро организмите во почвата. Образложени се и некои сегменти од публикувани резултати и искуства од примената на К.О. во светот. Прелиминарни податоци и ситуации од примената на еден од системите на К.О. (сеидба без обработка) за првпат се презентирани на земјоделски површини во Овче Поле. На крајот, во делот на заклучоците, како препораки и коментари, од аспект на нивна меѓузависност, комплементарност и неопходност, како основен услов за нивно спроведување при примената на К.О. се наведени задолжителните агротехнички и агроеколошки активности кои земјоделските производители треба да ги применуваат при К.О.
Клучни зборови: обработка, почва, агроекосистеми, предности, недостатоци.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Ljupco Mihajlov |
Date Deposited: | 26 Jan 2023 19:23 |
Last Modified: | 26 Jan 2023 19:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31036 |
Actions (login required)
View Item |