Основи на ГМО

Trajkova, Fidanka (2022) Основи на ГМО. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-916-6

Full text not available from this repository.

Abstract

Обединетите нации и Организацијата за храна и земјоделство проценуваат дека интеракцијата на различните тековни предизвици на висока стапка на население, политичка нестабилност, деградација на природните ресурси, миграција на населението од рурални во урбани средини, тековната пандемија COVID-19, војната во Украина и енергетската криза ќе имаат значително влијание врз достапноста на храната и други непрехранбени добра кои произлегуваат од земјоделското производство што најверојатно ќе ги зголеми проблемите со глад на глобално ниво.

Едно од можните решенија поврзани со надминување на недостатокот на храна и енергенси кои ги нуди науката се генетски модифицираните организми. Во изминатите триесет години, од првата комерцијално достапна генетски модифицирана култура до денес, креирани се над 500 генетски модификации во 33 различни култури кои се користат за различни цели, од земјоделско производство до биогорива. Дополнително, незаменлива е улогата на генетски модифицираните организми во фармацевтската индустрија и индустријата за преработка на храна. Брзината на развојот на модерната индустрија на биотехнологијата која ги вклучува истражувањата и примената на генетски модифицираните организми може да се мери единствено со развојот на ИТ технологијата и дигитализацијата на модерното општество.

Универзитетскиот учебник „Основи на ГМО“ е наменет за студентите на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” - Штип и опфаќа девет поглавја во кои се обработени актуелни теми поврзани со генетските модификации на организмите со посебен акцент на растителните земјоделски култури. Учебникот е концепиран според Наставната програма по предметот Основи на ГМО, кој се изучува на студиските програми на прв циклус студии на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Учебникот е корисна литература за сите други студенти на трите циклуси високо образование од областа на биолошките и биотехничките науки, како и за целата научна и стручна јавност во земјава.

Предметната програма по Основи на ГМО од студентите бара соодветни предзнаења од ботаника, биохемија, физиологија на растенија и генетика. Поради тоа во учебникот не се опфатени во детали темите кои студентите ги студираат по другите соодветни предмети. Учебникот е фокусиран на генетски модифицираните растенија кои се во функција на земјоделското производство, како и сите прашања кои се отворени со нивното создавање и употреба, вклучително и нивната безбедност, законската регулатива и контроверзноста.

Сите податоци изнесени во овој материјал се проверени во однос на најнови истражувања во веродостојни извори на научната и стручната литература. Материјалот изнесен во овој учебник е базиран на релевантни научни публикации, извори и факти, и се надевам дека значително ќе придонесе за разбудување на критичкото мислење кај студентите, стручните лица и пошироката јавност во однос на генетски модифицираните организми. Земајќи предвид дека тие се предмет на различна перцепција од различни групи на луѓе, сите податоци изнесени во овој материјал се фактичка реалност и се несубјективни, без разлика на мојот личен став по одредени прашања.

Од почетоците на креирањето на првите генетски модифицирани организми до денес, сите истражувања и нивната комерцијална употреба се проследени со контроверзност. Овој учебник можеби доаѓа во време кога модерниот човек сè повеќе се сомнева во сè и напишан е со надеж дека ќе придонесе за надминување на одредени заблуди и стравови поврзани со генетски модифицираните организми.
Ова е прво издание на учебникот во кој се обработени теми за кои има ограничен број публикации на македонски јазик, а од друга страна се однесува на област која многу брзо се развива. Поради тоа, добредојдена е секоја конструктивна критика и сугестија од колегите, студентите и читателите, со што би се подобрил квалитетот на следното издание на учебникот.

Item Type: Book
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Fidanka Trajkova
Date Deposited: 23 Nov 2022 13:15
Last Modified: 23 Nov 2022 13:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30535

Actions (login required)

View Item View Item