Примена на шест сигма методологија и дизајн на експерименти за подобрување на индустриски процес за добивање на композитни цевки

Srebrenkoska, Sara (2016) Примена на шест сигма методологија и дизајн на експерименти за подобрување на индустриски процес за добивање на композитни цевки. Masters thesis, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje.

[thumbnail of МАГИСТЕРСКИ ТРУД  - САРА СРЕБРЕНКОСКА.pdf] Text
МАГИСТЕРСКИ ТРУД - САРА СРЕБРЕНКОСКА.pdf

Download (2MB)

Abstract

Во рамките на оваа магистерска работа беше применета шест сигма DMAIC методологија за подобрување на процесот за производство на композитни цевки. Беа дефинирани барањата за квалитет за композитните цевки: отпорност на висок внатрешен притисок и беа определени битните влезови кои влијаат на подобреното решение. За подобрување на индустрискиот процес беше направено дизајнирање т.е. планирање на експериментите и врз основа на план матрицата беа произведени 8
модели композитни цевки. При дизајнирањето на процесот беа земени три параметри кои најмногу влијаат на експериментите: брзина на извлекување, тензија на влакна и агол на намотување и беше користен три факторен метод за планирање на експерименти со две нивоа на варијација 23. За сите произведени композитни цевки беше лабораториски тестирана јачината на истегнување. Врз основа на добиените
експериментални податоци беше добиена регресиона равенка која најдобро го опишува процесот. Од регресионата равенка беше заклучено дека процесниот параметар: аголот на намотување има најголемо влијание на јачината на композитните цевки. Имено, поголемиот агол на намотување доведува до поголема јачини на истегнување кај композитните цевки. Во рамките на оваа магистерска работа беше применет и софтверскиот пакет Hoffman Engineering и беше направена анализа на шест типови композитни цевки. Од сите анализи беше заклучено дека отпорноста на висок внатрешен притисок на композитните цевки многу зависи од аголот на намотување на влакната и од типот на применетите влакна. Композитните цевки врз основа на јаглеродни влакна имаат најмала маса, а највисока отпорност на внатрешен притисок споредено со композитни цевки врз основа на стаклени влакна и врз основа на хибиден материјал. Беше направена и споредба на композитните цевки со конвенционалните метални цевки од прохром при што беше заклучено дека композитните цевки се поотпорни на високи внатрешни притисоци, а притоа полесни и со многу пониска цена. Композитните цевки се добра замена за конвенционалните метални цевки од прохром во однос на квалитет и цена на чинење и може успешно да се применуваат во голем број индустрии за транспорт на флуиди, за резервоари и цистерни за хемикалии и гориво.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Mechanical Engineering
Depositing User: Sara Srebrenkoska
Date Deposited: 07 Nov 2022 11:40
Last Modified: 07 Nov 2022 11:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30431

Actions (login required)

View Item View Item