Despot, Katerina (2021) Европскиот мебел во делот на културното наследство во Штип и негова трансформација во современи концепти за простор. Културното наследство низ призмата на ликовната уметност, 1 (1). pp. 30-38. ISSN ISBN: 978-608-66627-7-6
![Европскиот мебел во делот на културното наследство во Штип и негова трансформација во современи концепти за простор.docx [thumbnail of Европскиот мебел во делот на културното наследство во Штип и негова трансформација во современи концепти за простор.docx]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Европскиот мебел во делот на културното наследство во Штип и негова трансформација во современи концепти за простор.docx
Download (1MB)
Abstract
Секој историски период има свои сопствени форми со кои се диктира одреден идеал за човекот изразен во одредена степен низ облиците на ентериерот и низ претставувањата на мебелот.
Мебелот има доминантна и основна функција. Тој зависи од националната култура, обичаите, традициите, од просторот каде што е поставен и со својата форма го определува времето.
Формата на мебелот се променува по ритам и закони, кои се дел од големиот комплекс наречен стил. Изразот стил се воведува од основоположникот на научната историја на уметност Јохан Јоаким Винкелман (1717 - 1768), кој потврдува дека естетската мисла од столетијата бара одговор на прашањето што претставува стилот. Во основата на се се наоѓа фигурата на човекот, чија што пластична форма е модел за архитектурата, дизајнот, ентериерот и мебелот.
Различни експерти од оваа област даваат различно мислење и видување за тоа што претставува стилот
Стилот – е самиот човек.
Стилот е висок степен на естетско познавање и мислење за уметноста.
Стилот е пред сѐ чувство на одговорност.
Стилот е издигнување до висока степен на ликовно значење, изразување на основната идеја во создавањето на уметноста.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Katerina Despot |
Date Deposited: | 10 Feb 2022 12:29 |
Last Modified: | 10 Feb 2022 12:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29313 |