Angelov, Goranco (2021) Фестивалите за изворен фолклор - чувари на старата музичка и играорна традиција. In: „Струшка музичка есен 2021“. (Unpublished)
Text
ПРОГРАМА СМЕ 2021 (1) (1).docx.pdf Download (887kB) |
|
Slideshow
СМЕ_2021.ppsx Download (465MB) |
Abstract
Фестивалите за изворен фолклор како сцена на која се презентираат музички вокални, инструментални и играорни содржини се местото каде поширокиот аудиториум има можност да се запознае со постарата традиција на различните етнички групи кои живеат на територијата на денешна Р.С. Македонија. На овие фестивали можат да се проследат играорни и музички содржини презентирани на народни музички инструменти како и песни испеани од носителите на вокалната традиција.
Со непосредното присуство на некој од фестивалите секој присутен гледач може непосредно да ги доживее и почуствува старите обичаи, игри, песни, ора и инструменти. Самите фестивали претставуват и своевиден терен за истражувачите на овој сегмент од фолклорното творештво во време кога речиси е невозможно да се сретнат овие фолклорни содржини во регионите каде настанале и се практикувале.
Од денешен аспект, ако до одреден момент музичкото културно наследство требаше да се заштити од негово губење или исчезнување, следната фаза е заштитување на фестивалите на кои може да се проследат овие културни наследства кои сѐ поретко можат да се видат во својата природна средина.
Клучни зборови: фестивали, песни, инструменти, ора, обичаи.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Goranco Angelov |
Date Deposited: | 04 Feb 2022 08:53 |
Last Modified: | 04 Feb 2022 08:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29257 |
Actions (login required)
View Item |