Miloseski, Slobodan (2021) Трансценденција - самостојна изложба. [Show/Exhibition]
Image (Плакат-КИЦ)
Плакат.pdf Download (3MB) |
|
Text (Каталог)
Каталог-КИЦ.pdf - Published Version Download (6MB) |
|
Image (Фотографии од отворањето на изложбата)
Фотографии-отворање-КИЦ.pdf Download (7MB) |
Abstract
На 17 ноември 2021 во Културно информативниот центар во Скопје беше отворена изложбата „Трансценденција“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата беше составена од 15 скулпторски дела од галериски формат. Скопската публика на изложбата имаше можност уште еднаш да види иновативна скулптура која се карактеризира со две особини: начинот на кој се користи материјалот (во овој случај станува збор за метал) и концептот на артикулирање идеи кои се од доменот на духовното.
Во контекст на севкупната инфраструктура на креацијата на овие уметнички дела, спроведен е третман што резултира со преобликување на металот со додавање, како што е заварувањето, за да се обезбедат и профилирааат сите сегменти кои патем се третирани со голема претпазливост и внимание. Во крајна инстанца, тоа значи одржување стабилитет на скулптурата и доловување на саканите визуелни ефекти кои, исто така, се важен сегмент во творештвото. Според тоа, овие визуелни ефекти првенствено се врзуваат со имплементирањето на минималистичкиот концепт кој доминира, со евидентна порака дека овој приод овозможува проширување на апстрактните идеи во свој сопствен реалитет, а не да биде миметичка претстава на реалноста.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Slobodan Miloseski |
Date Deposited: | 27 Jan 2022 08:09 |
Last Modified: | 27 Jan 2022 08:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29140 |
Actions (login required)
View Item |