Velkovska-Trajanovska, Valentina and Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2021) Различните видови на алеаторика проследени преку дел од творечкиот опус на Тома Прошев (1931-1996). In: Струшка музичка есен 2021, 17-19 Sept 2021, Struga. (Submitted)
Text
SME 2021.pdf Download (2MB) |
|
Text
Aleatorika - Proshev.pdf Download (2MB) |
Abstract
Името на уметникот Тома Прошев останува длабоко врежано во повеќе сегменти во градењето на македонската музика историја, како композитор, музиколог, диригент, педагог, професор, музички и општествен деец, Неговите заслуги на сите овие полиња оставија траен и маркантен печат, и го поставија како еден од великаните на македонската музичка култура. Како композитор, остави исклучително богат творечки опус, од дела длабоко инспирирани од музичкиот
идиом на македонската традиција, до дела што го пренесуваат светскиот и европски модернизам. Во тој контекст, Тома Прошев своевремено се издвојува
според застапеноста на техниките на компонирање на 20.тиот век (слободна додекафонија, импровизација и сл). Една од овие композициски техники е алеаториката, која Прошев ја употребува во дела за различни состави. Во овој труд се осврнуваме на видовите алеаторика проследени преку: Осцилации (1967) за гудачки квартет, Темпера 5 (1970) за четири вокални солисти и гудачки оркестар, Аретеј (1972) музичка драма, Мувинг 9 (1981) за трио (виолина, пијано и контрабас) и симфониски оркестар, Темпера 6 (1982) за гудачки квартет и гудачки оркестар, Интеграли 2 (1982) за пијано, гудачи и чембало, Тако је све далеко... (1982) за глас и пијано. Анализата покажа застапеност на сите видови на алеаторика, апсолутна и ограничена, дела со графичка партитура и дела со
алеаторични постапки што не исклучуваат повремени настапи на организирана музичка материја со други композициски техники.
Клучни зборови: Тома Прошев, македонска современа музика, техники на компонирање на 20.ти век, алеаторика
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Valentina Velkovska Trajanovska |
Date Deposited: | 22 Sep 2021 10:31 |
Last Modified: | 22 Sep 2021 10:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28477 |
Actions (login required)
View Item |