Angelov, Goranco (2017) Фариз Хајрула – зурлаџија и изработувач на „Каба“ зурли во Р. Македонија (презентација). In: Меѓународна музичко-научна манифестација „Струшка музичка есен“, 8-10 Sept 2017, Struga. (Unpublished)
Text
Фариз Хајрула - мајстор на каба зурла -.pdf Download (1MB) |
Abstract
Зурлата како музички инструмент кој е мошне распространет и е учествува во музичкиот живот кај многубројни култури во светот, заслужува внимание и денес во време на општа глобализација каде веќе не е важно кое чие е и од каде е туку најважно е колку тоа нешто и од кого денес се употребува. Зурлата и свирачите на зурла и денес имаат одредена улога во различни моменти од животот на луѓето во еден поширок регион. Според нас, овој стар инструмент е доволно застапен и во Р. Македонија со што имаме можност подлабоко да навлеземе во него и да ги спознаеме неговите ерголошки и музички особености од кои можеме да дојдеме до сознанија дали има одредени разлики помеѓу еден ист инструмент. За овие разлики ќе зборуваме во нашето излагање кое ќе ѓи опфати видовите зурли кои се употребуваат во Р. Македонија а потоа ќе се фокусираме на само еден вид зура, каба зурлата и нејзиното изработување од страна на единствениот изработувач на каба зурли, Фариз Хајрула од Тетово. Овој вид на зурла сѐуште има практична употреба и учествува во градењето на зурлаџиската инструментална традиција, традиција која на оваа територија се негувала уште пред многу векови, традиција чии главни носители особено на каба зурла се припадниците на ромската заедница во Р. Македонија.
Клучни зборови: зурли, голема зурла, каба зурла, изработување, материјали
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Goranco Angelov |
Date Deposited: | 29 Mar 2021 13:54 |
Last Modified: | 29 Mar 2021 13:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27932 |
Actions (login required)
View Item |