Stojanovski, Darko and Nacev, Trajce (2019) Сондажни археолошки истражувања на пештера „Топлата“, клисура Пешти, Бабуна, Велес. [Project]
Preview |
Text
Topla Pestera.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Во периодот помеѓу 10.06.2019 и 30.06.2019 се вршеа сондажни археолошки истражувања на локалитетот Топлата Пештера, кој се наоѓа во клисурата Пешти на реката Бабуна, околу 6 километри јужно од Велес (Сл. 1). Истражувањето е во рамките на проектот „Централна Македонија во раната праисторија“, подржан финансиски од Министерството за култура како дел од програмата за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година.
Локалитетот се наоѓа на тешко пристапна локација, на десниот брег на река Бабуна, во клисурата Пешти (Сл. 2). На овој дел од текот реката се движи од Запад кон Исток. Влезот на пештерата е од јужната страна на варовничкиот масив (најголем дел од него формиран во Мезозоик, на надморска височина од 337,95 метри, со поглед кон малото поле на село Црквино кон Југ. Точната локација на влезот е N 41.6677 E 21.7854. Пристапот е од викенд населбата пред клисурата, по козји патеки по стрмниот рид, преку врвот на јужниот масив па надолу до пештерата. Постои и друг пристап од селото Црквино, кој е подолг, но минува по малку по рамен терен.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 27 Jan 2020 14:35 |
Last Modified: | 27 Jan 2020 14:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23525 |
Actions (login required)
View Item |