Професионални заболувања кај докторите по стоматологија

Zarkova-Atanasova, Julija and Cvetanoski, Ognen and Mitev, Dimitar (2019) Професионални заболувања кај докторите по стоматологија. In: Втор Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Книга на апстракти medicinski SKRATENA JULIJA.pdf]
Preview
Text
Книга на апстракти medicinski SKRATENA JULIJA.pdf

Download (882kB) | Preview
[thumbnail of Професионални заболувања кај докторите по стоматологија,Огенен Цветановски, Димитар Митев, Асс. Јулија Заркова Атанасова.pdf]
Preview
Text
Професионални заболувања кај докторите по стоматологија,Огенен Цветановски, Димитар Митев, Асс. Јулија Заркова Атанасова.pdf

Download (177kB) | Preview
[thumbnail of постер-оггнен.pdf]
Preview
Text
постер-оггнен.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Вовед
Работата на стоматолозите е долгочасовна, максимално сконцентрирана на мало работно поле под интензивна светлина, опкружена со силни звуци и вибрации, хемиски сретства и инфективен материјал. Хазардите на кои секојдневно се изложени допринесуваат за висок морбидитет, намалување на ефикасноста и работниот век.
Цел
Целта беше насочена кој осознавање на преваленцата на професионалните заболувања кај стоматолозите.
Материјал и Метод
Беше подготвен добро стуктуриран електроснки прашалник – анонимна анкета која беше испратена на група стоматолози на социјална мрежа во Македонија. Анкетата се состоеше од прашања за возраста, полот, работното искуство, застапеноста на заболувања на окото и увото, психолошки нарушувања, кардиоваскуларни, мускулно-скелетни заболувања, алергии и инфективни заболувања.
Резултати:
Од вкупно N=137 испитаници 70.1% беа мажи и 29.9% жени на возраст од 28-62 год. со работно искуство од 0.5 -35 год. Најголема застапеност имаат мускулно-скелетните заболувања дури 73%, а како најчести заболување беа посочени спондилозата и дискус хернијата. 40.4% од испитаниците од имаат проблеми со видот, а 7,2% од испитаниците имаат проблеми со слухот. Латекс хиперсензитивност кај 23.4%, а 8,8% имаат некаков друг тип на алергија на дентални материјали. Само 13,1% имаат кардиоваскуларни нарушувања. Дури 81.8% доктори се под стрес при работата. 8.8% имале пренесено инфективно заболување од пациент.
Заклучок
Познавањето на високата застапеност на професионалните заболувања кај докторите по стоматологија би допринеле за поголема претпазиливост при работата и почеста употреба на ергоносмки принципи со цел поголема превенција, продолжување на работниот век на стоматолозите без болка и со поголем квалитет.
Клучни зборови: мускулно-скелетни заболувања, окупациони хазарди, болести кај стоматолозите

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 08 Oct 2020 06:14
Last Modified: 08 Oct 2020 06:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22095

Actions (login required)

View Item View Item