Водич за органско производство на маслинки

Trajkova, Fidanka (2007) Водич за органско производство на маслинки. Manual. МЗШВ, Скопје.

[thumbnail of Trajkova_Vodic za maslinka.pdf] Text
Trajkova_Vodic za maslinka.pdf - Published Version

Download (2MB)

Abstract

Прирачник за органско производство на маслинки.
Упатството за работа е наменето за сите чинители кои учествуваат во
процесот на производство на маслинки, организирано според принципите
на органското земјоделско производство. За советниците, претставува
корисен извор на информации, а за земјоделците точни упатства за тоа на
што треба да посветат посебно внимание за да се стекнат со сертификат за
органски производ.
Земјоделското производство кое се потпира врз неупотреба на
хемиски средства (од синтетичко потекло), или попознато како органско
земјоделство, ги вклучува сите техники на земјоделското производство кои
применуваат начини за добивање здрава храна, истовремено зачувувајќи
ја човековата околина. Како клуч за успешно производство, овие техники
на производство своја потпора црпат од природната плодност на почвата.
Преку разбирање и почитување на природните можности на растенијата,
животните и земјиштето, истото се стреми кон постигнување што е можно
поголем квалитет, врз база на постојните услови.
Органското земјоделско производство целосно го намалува
влијанието на надворешните фактори врз човековата околина преку
непримена на ѓубрива, пестициди и средства за заштита на здравјето на
животните добиени по хемиски пат. Наместо примената на вакви средства,
органското земјоделско производство се потпира на природата и нејзините
особености за зголемување на приносите и отпорноста кон болестите.
Со други зборови, органското земјоделско производство се дефинира
како севкупен производен систем, кој го промовира и унапредува здравиот
агро-еколошки систем, вклучувајќи ги животинските разноликости,
животните циклуси на растенијата и животните, почвената активност;
става акцент врз раководните способности на човекот над употребата на
средства кои немаат потекло од самите фарми; ги искористува/применува
биолошките и механичките методи, наспроти синтетичките материјали.
Доколку како производител се одлучите да произведувате според
принципите на органско производство на маслинка, треба да бидете
подготвени да одговорите на две многу важни прашања:
- Дали имате услови за органско производство?
- Каде ќе го пласирате своето производство?

При преминување кон органско производство на маслинки треба да
бидат задоволени определени барања од самиот производител, површините
за производство и самата технологија на одгледување.
Органското производство на маслинки бара од производителот
да има посебен однос, стрпливост и познавања за оваа технологија на
производство.
Односот кон органското производство значи дека производителот
го осознал и се откажал од употребата на какви било вештачки ѓубрива
и пестициди, поради нивното штетно влијание врз околината и
потрошувачите.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Fidanka Trajkova
Date Deposited: 31 Oct 2012 23:10
Last Modified: 11 Nov 2013 14:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/219

Actions (login required)

View Item View Item