Територијалната основа на балканските национализми: Случајот на доцноосманлиска Македонија

Stojanovski, Strasko (2011) Територијалната основа на балканските национализми: Случајот на доцноосманлиска Македонија. In: Меѓународна научна конференција, „Македонија низ Вековите“, 11-12 ноември 2011, Филозофски Факултет- Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. (Unpublished)

[thumbnail of konferencija rasporedi.pdf] Text
konferencija rasporedi.pdf

Download (240kB)
[thumbnail of referat, za istorija simpozium - Copy.doc] Text
referat, za istorija simpozium - Copy.doc

Download (80kB)

Abstract

Апстракт
Појавата на нациите и национализмите на Балканот, особено во делот кој произлегол од Османлиската империја, се врзува со современите западни струења на просветителството и романтицизмот кои генерираат нов вид на колективна свест. За разлика од класичните размислувања на примордијалната перцепција за „будење“ на нацијата, трудот се темели на модернистичкиот пристап кој приоритет дава на новите форми на мобилизација, прокламирајќи ги економските и политичките фактори пред органски дадените етно- јазични карактеристики. Ова не значи дека последните не постојат, или не играат важна улога во формирањето на прото- национализмите, а подоцна и на целосно оформените нации, туку дека симболичката вредност на етносот, културата и јазикот системски се реификувани за да се вклопат во матрицата на новиот светски поредок. Следствено на ова сите балкански нации, вклучително и македонската се темелат на територијалната перцепција за потеклото во одредени замислени рамки, а чувството за солидарност и заедничка судбина е круцијалниот движечки елемент кој ќе ја формира идната нација- држава.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 23 Nov 2012 10:22
Last Modified: 23 Nov 2012 10:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1803

Actions (login required)

View Item View Item