Stojkova, Irena (2015) Влијанието на некои регулатори на раст и сахарозата врз микротуберизацијата на компирот solanum tuberosum l. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Магистерски труд на Ирена Стојкова - финална верзија.pdf.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Компирот е многу значајна култура во исхраната на човекот и се одгледува
во 180 земји низ светот. Претставува четвртата култура по производство во
светот, после пченицата, оризот и пченката.
Главна цел на ова истражување е добивање на тубери во in vitro услови,
односно испитување на најпогодните услови за микротуберизација што беше
истражувано преку поставување на култура на почетни експлантанти од
’ртулци од повеќе генотипови семенски и меркантилен компири: аgriа, маrabel,
dido, ambition, agrikо, agriа SR, agriа BE во in vitro услови. Во текот на
истражувањето беше следен развојот на експлантантите и степенот на
органогенеза на различните експлантанти на различни хормонални подлоги.
Потенцијалот за регенерација во in vitro услови на почетните експлантанти е
одредуван со пресметување на бројот на de novo изданоци, како и
пресметување на процентот на вкоренување и процентот на ’ртливост.
За продукција на ’ртулци од кртолите компир во in vivo услови, тие беа
третирани со 2 ppm, 12 ppm и 22 ppm гиберелинска киселина (GA3) и бројот на
дадени ’ртулци беше споредуван со истиот кај нетретираните кртоли
(контрола) кај сите испитувани генотипови. Најдобри резултати беа добиени кај
третманот на кртолите со 22 ppm GA3.
Во in vitro услови беа поставени два типа на експлантанти ’ртулци и нодии,
на MS медиум во присуство на неколку различни комбинации и концентрации
на цитокинини и ауксини. Со истражувањето е утврдено дека MS + 4 mg/L KIN и
MS + 2 mg/L BAP има најдобар ефект за културата на ’ртулците.
Добиените изданоци беа користени како експлантанти кои ги поставуваме
на подлога со одредена концентрација на сахароза, со цел да се индуцира
процесот на микротуберизација и добивање на микротубери. Микроту-
беризацијата беше стимулирана со зголемување на процентот на шеќер во MS
медиумот од 30 g/L сахароза на 40, 60 и 90 g/L сахароза. MS медиумот со 90
g/L сахароза за генотипот agria SR даде најдобри резултати со 17 формирани
микротубери.
Микротуберите добиени во in vitro култура беа посадени во стерилна
мешавина од тресет: перлит (1:1) за да формираат мини-тубери, а подоцна и
тубери за семенски компир.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 22 Dec 2015 13:26 |
Last Modified: | 22 Dec 2015 13:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14663 |
Actions (login required)
View Item |