Velkovska-Trajanovska, Valentina (2015) Кирилица - концерт на Македонска филхармонија. [Performance]
Preview |
Text
programa na Makedonska Filharmonija.pdf Download (483kB) | Preview |
Abstract
Поемата „Исон“ инспиративно претставува некаков начин, модус на своевидна трансформација на пападикискиот стил на црковно-музичка практика. Се одвива во бавно темпо, спокојно, без силни мелодиски, фактурни или тематски промени, со постапно зафаќање на звучниот простор и бавен развој на драматуршкото дејство. Почетокот и крајот на оваа симфониска поема се врамени со генерална пауза, чие значење е многукратно. Станува збор за специфичен почеток, во тивка динамика со многу смирен и стабилен тон, при што треба да се подготват диригентот, изведувачите и публиката за почетната интонација „да изникне“ од тишината и да исчезне во неа, бидејќи молитвата е „тишина што пее“. Како и другите дела на Велковска-Трајановска, и „Исон“ е програмско и се однесува на трансформациите на човечкиот дух, различните состојби и доживувања при подготовката и прославувањето на Велигден - Велигденскиот пост, Литургијата и Светата тајна причест. „Исон“ е, всушност, дипломски труд на авторката создаван во периодот од 2001 до 2004 година, а работен под менторство на проф. д-р Томе Манчев.
Item Type: | Performance |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Valentina Velkovska Trajanovska |
Date Deposited: | 09 Dec 2015 11:00 |
Last Modified: | 09 Dec 2015 11:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14388 |
Actions (login required)
View Item |