Словачка во идејата за Подунавска Федерација

Cepreganov, Todor (2015) Словачка во идејата за Подунавска Федерација. In: Втор меѓународен научен собир Македонско-словачки книжевни, јазични и културни врски, 2-3 July 2015, MANU, Skopje. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Program II MK-SK konferencie (Skopje jul 2015) final.pdf

Download (528Kb) | Preview
[img] Text
Научен собир - Словачка 2015 Репоз.docx

Download (31Kb)

Abstract

Во време на Втората светска војна голем дел од кралските семејства на земјите од западна Европа, југоисточна Европа и Балканот најдоа прибежиште во Велика Британија. Во Лондон европските и балканските влади функционирале како суверени влади на односните држави. Меѓу себе разменувале амбасадори и дипломатски претставници и биле во постојан контакт со британската влада. Во такви услови Лондон станал центар каде уште во 1941 година почнало да се размислува за повоеното уредување на Европа, а посебно на Југо-источна Европа и Балканот. Уште во мај 1941 година експертите на Министерството за надворешни работи на Велика Британија под раководство на историчарот Арнолд Тојнби направиле два елабората за реорганизација на Југоисточна Европа. Првиот елаборат се однесувал на „Источно европска унија“. Вториот елаборат „Германија, СССР и Балканот“ во себе содржел опсежни податоци во однос на економската ситуација, националните спротивности и внатрешно-политичките односи меѓу балканските народи. А посебно место им било дадено на улогата на Германија и СССР во балканските работи. Во прилогот, врз база на британски документи се прави анализа за местото на (Чехо)Словачка во идеите за конфедерации, федерации и унии.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Todor Cepreganov
Date Deposited: 09 Sep 2015 08:21
Last Modified: 09 Sep 2015 08:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13647

Actions (login required)

View Item View Item