Boev, Blazo (2014) Интервју со проректор за наука проф. д-р Блажо Боев: Имаме научни истражувања кои направија значајни поместувања во науката. [Video]
Full text not available from this repository.Abstract
Научните проекти кои се прават на Универзитетот „Гоце Делчев“ прават значаен придонес во светската наука. Ова, меѓу другото, го потенцираше проректорот за наука на УГД во интервју за Универзитетското радио.
- Моментално најдобро котираат неколку области во УГД во однос на научните истражувања и тоа е резултат на кадровската зајакнатост и опременост на тие институции и времето на постоење на тие институции. Предничат истражувањата на Земјоделскиот факултет, бидејќи од една страна имаат зајакната истражувачка структура, а од друга страна исклучително добри услови за работа со многу добри лаборатории и опрема и тука се прават значајни истражувања. Исто така, добро котираме во делот на електрохемијата, потоа значајни истражувања се прават на Факултетот за медицински науки од една група на истражувачи кои работат на интересни проекти. Она што се случува на ФПТН во однос на истражувањата, исто така, е многу значајно и во апликативноста на проектите - изјави проректорот за наука на УГД проф. д-р Блажо Боев.
Овие истражувања придонесуваат и за развојот на Универзитетот и за поместување на УГД погоре на ранг-листите.
Item Type: | Video |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Biljana Kosturanova |
Date Deposited: | 07 May 2014 11:46 |
Last Modified: | 07 May 2014 11:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9908 |
Actions (login required)
View Item |