Petrevska, Biljana (2014) Практикум по Економика на угостителство и туризам (е-практикум). ISBN 978-608-244-029-3.
Full text not available from this repository.Abstract
Овој практикум првенствено е наменет за студентите кои го изучуваат предметот Економика на угостителство и туризам на Факултетот за туризам и бизнис логистикапри Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел е да служи како учебно помагало при спроведување на вежбите, па оттука претставува надополнување на материјата која е разработена во е-скриптата насловена Економика на угостителство и туризам. Нивото и стилот на обработка на вежбите се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии.
Практикумот методолошки е структуриран во дванаесет вежби со кои подетално е разработена наставната програма по Економика на угостителство и туризам. Така, во првата вежба дадени се генерални концепции кои се однесуваат на наставната содржина, основната литература и темите за избработка проектна задача.Во втората вежба акцентирани се најважните термини од темата Економијата на угостителство и туризам како научна дисциплина и истовремено, даден е простор за размислување околу најкарактеристичните неекономски функции на туризмот. Во третата вежба посочени се примери за елаборирање на економските функции на туризмот на ниво на свет, Европа и Македонија. Појаснувањата за основните пресметки за амортизацијата, кружното движење и обртот на капиталот, се теми на четвртата вежба. Петтата вежба обилува со примери за пресметување основни видови трошоци, додека тема на шестата вежба е проблематиката за цени. Седмата вежба презентира како се составува делбена калкулација, т.е. чистата дивизиона калкулација и дивизионата калкулација со помош на еквивалентни броеви. Пресметките за составување додавна калкулација, калкулација на врзани производи и калкулација по методот на директни трошоци се појаснети во осмата вежба. Начинот на пресметување основни економски принципи (продуктивност, економичност и рентабилност) е даден во деветтата вежба. Десеттата вежба ги акцентира најинтересните точки од главата Туристички пазар, додека единаесеттата вежба иницира дискусија по поими од главата за Туристичка политика. Последната, дванаесетта вежба е предвидена за пишување кратка анализа на зададена задача, со што всушност е оставен простор за дополнителна активност на студентите.
ПЕДАГОШКИ ОДЛИКИ
Со цел на студентите да им се овозможи полесно совладување на материјата, разбирање на посложените поими и поврзување на теоретските и методолошките концепти со практиката, ракописот содржи неколку педагошки алатки:
o Секоја вежба започнува со краток преглед на содржината која е разработена во таа глава согласно е-скриптата Економика на угостителство и туризам. Воедно, поставени се целите на учење кои треба да ги постигнат студентите преку совладување на вежбата;
o Во вежбите вклучени се многубројни примери кои имаат за цел сликовито да ја прикажат материјата и да ја доближат до студентите;
o На крајот на секоја вежба, дадени се прашања за дискусија и задачи за вежбање кои им овозможуваат на студентите да проверат дали целосно ја разбрале наставната материја;
o При проверката на знаењето од помош е понуденото решение на поставените задачи, со што се олеснува подготовката на колоквиумите и завршниот испит по предметот Економика на угостителство и туризам.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 06 May 2014 09:36 |
Last Modified: | 15 Apr 2015 10:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9886 |
Actions (login required)
View Item |