Petrevska, Biljana (2014) Економика на угостителство и туризам (е-скрипта). ISBN 978-608-244-028-6.
Full text not available from this repository.Abstract
Оваа е-скрипта е наменета првенствено за студентите кои го изучуваат предметот Економика на угостителство и туризам на Факултетот за туризам и бизнис логистикапри Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип. Основна цел е да им помогне во совладување на најважните темикои ги покриваат економските аспекти на работењето во угостителството и туризмот. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Начинот на појаснување на сите сложени прашања од областа на економското работење на угостителството и туризмот, е многу пристапен со примена на примери од непосредната практика. Оттука, концизното и експлицитното презентирање на проблематика од оваа област, дава голема можност за користење на овој материјал не само за студентите, туку и пошироко.Имајќи предвид дека ова е прво издание, не е исклучена можноста да има одредени недостатоци. Оттука, секоја добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.
Скриптата е напишана со јасен и разбирлив јазик. Ракописот методолошки е структуриран во девет глави кои меѓу себе се надополнуваат, а во секоја однив се разработени основните поставки, потребата и значењето на економските аспекти на угостителството и туризмот. Секоја глава започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена како глава. На крајот на ракописот, соодветно се нотирани библиографските единици кои се цитирани вотекстот, а се однесуваат на монографски единици, периодични списанија, статии, извештаи и интернет страници.
Оттука, скриптата се состои од девет глави кои ги покриваат најзначајните теми кои вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, започнато е со најелементарните поими кои се обработени во првата глава, а се однесуваат на запознавање со поимот, предметот на проучување и методологијата која ја користи Економиката на угостителство и туризам како научна дисциплина. Втората глава ги појаснува угостителството и туризмот како значајни стопански дејности. Најважните видови средства и нивните карактеристики се презентирани во третата глава. Имајќи предвид дека трошоците се еден од најзначаните елементи на економското работење, основните поими за нив се детално разработени во четвртата глава. Петтата глава зборува за цените, додека шестата глава дава практични примери за составување калкулации во угостителството и туризмот. Седмата глава е во целост посветена на основните економски принципи на работењето пришто се разработени практични примери од угостителството и туризмот со цел нивно пресметување. Проблематиката поврзана со туристичкиот пазар е во детали обработена во осмата глава, додека последната, деветта глава е посветена на туристичката политика.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 06 May 2014 09:37 |
Last Modified: | 15 Apr 2015 10:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9885 |
Actions (login required)
View Item |