Разликите помеѓу инвестициското и комерцијалното банкарство

Davcev, Ljupco and Jovanov, Tamara (2012) Разликите помеѓу инвестициското и комерцијалното банкарство. Yearbook, Faculty of Economics, 4 (4). pp. 161-171. ISSN 1857- 7628

[thumbnail of Zbornik_ekonomski 2012.pdf]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski 2012.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Комерцијалните банки претставуваат финансиски посредници со
многу мал дел на капитал и релативно голем дел на краткорочни долгови во форма на депозити. Многу често овие депозити се исплатливи во момент на побарување и се издаваат на голем број различни поединци и фирми. Фондовите на комерцијалните банки, примарно се користат за
кредитирање на физички и правни лица. Постоењето на комерцијалните банки произлегува од проблемот на информациската асиметрија. Инвестициското банкарство се состои од збир на хетерогени активности од кои повеќето може да бидат класифицирани како: услуги на загарантиран
пласман и советодавни услуги; тргување и брокерство и управување со средства (традиционални и алтернативни). Суштината на нивната работа се услугите каде што се презема ризик и советодавните услуги. Банките кои ги вршат и комерцијалните и инвестициските банкарски активности
се oбележани како универзални банки. Додека во минатото универзалното банкарство било забрането во некои правни системи, денес е дозволено секаде. Бидејќи и инвестициското и комерцијалното банкарство почиваат врз основа на продукцијата на информации и нивното процесирање, многу
поефикасно е да се извршуваат двете активности во исто време. Овој труд ги разграничува начините на функционирање на овие три концептуално различни типови на банки и ги објаснува спецификите на нивната работа.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: депозитарни институции, информациска асиметрија, иницијална јавна понуда, советодавни услуги, конфликт на интереси.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 08 Apr 2014 09:13
Last Modified: 14 Aug 2018 10:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9719

Actions (login required)

View Item View Item