Leontik, Marija (2010) Воспитната димензија на воспитно-образовните институции. Воспитание - Списание за образовна теорија и практика ФОН, УГД, 7 (11). pp. 47-58. ISSN 1857- 8705
Preview |
Text
2010-11-марија-леонтиќ-воспитание.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Современото образование бара мобилност на наставникот во поглед на мултикултурализмот, но исто така и вклучување на разновидни специјалисти и институции, што во Македонија треба да прерасне во стил и начин на живот за на хуман начин да се подобри квалитетот на живеењето. Ова ќе го презентираме преку проектот „Негување на етничка толеранција, разбирање и соживот меѓу турскиот и македонскиот народ“ што прво се реализираше во рамките на воспитно-образовните институции, а потоа се рефлектираше и на средбите со поетот Али Акбаш, а наиде на поддршка и од нивниот организаторот, Турскиот културен центар „Јунус Емре“ и од издавачката куќа „Топер“. Ова е уште еден доказ дека убавата мисла и намера поврзува многу луѓе и институции, а тоа остава позитивно влијание и траен спомен кај сите учесници и гости.
Во сите три презентации беше присутна воспитната димензија на воспитно-образовните институции, но преку нив учениците практично го доживеаја мултикултурализмот. Исто така, учениците на овие презентации се стекнаа и со нови искуства во поглед на: 1. Разликите и сличностите на мајчиниот јазик на учениците (македонскиот и турскиот) кој не претставуваше бариера за комуницирање, туку, напротив побуди љубопитство кај нив; 2. Разликите и сличностите на конфесиите (христијанство и муслиманство), што не претставуваше бариера за заедничка активност и дружење, туку, напротив, побуди интерес кај нив; 3. Разликите и сличностите во традициите (македонска народна носија, македонски песни и македонски специјалитети, турска народна носија, турски песни и турски специјалитети) што не создаде отпор кај нив, туку, напротив, ги забавуваше; 4. Култура на изразување на мајчин и на немајчин јазик; 5. Култура на следење и учество во презентација на книга; 6. Култура на купување книга.
Клучни зборови: современо општество, современо образование, современи наставници, мултикултурализам, современ живот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 26 Feb 2014 11:21 |
Last Modified: | 26 Feb 2014 11:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9294 |
Actions (login required)
View Item |