Практикум за пополнување на единствен царински документ

Atanasoski, Drasko and Bardarova, Snezana and Filiposki, Oliver (2014) Практикум за пополнување на единствен царински документ. ISBN 978-608-4708-97-1.

Full text not available from this repository.

Abstract

Царината е практично актуелна тема и проблематика која постојано предизвикува интерес за проучување и приспособување кон современата теорија и стопанската практика.
Царинското работење, пополнувањето на царинските документи со посебен осврт на единствената царинска декларација како и начинот на пресметка на царинските давачки се предмет на интерес на овој Практикум.
Практикумот за пополнување на единствената царинска декларација, е подготвен за потребите на студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика и тој ги содржи сите предвидени содржини кои се опфатени во предметната програма „Царинска тарифа и Царинска управна постапка”. Ваквиот практикум има за цел да им помогне на студентите да ги изготват вежбите и да се подготват за практичниот дел во поглед на пополнувањето на единствениот царински документ.
Практикумот е изготвен со цел да се унапреди наставата во поглед на извршувањето на вежбите по предметот Царинска тарифа и царинска управна постапка.
Во него низ пет поглавја се анализирани и практично објаснети сите аспекти во поглед на царинското работење. Од содржински аспект се опфатени тематски целини кои се однесуваат на постапка на царинење на стока - поднесување на царинска декларација, дејства по поднесување на царинската декларација, преглед на стоката и потврдување на декларацијата. Значајно внимание е посветено на царинските документи (поим, видови и начин на пополнување) и нивната улога во царинската постапка.
Посебно е значаен петтиот дел кој всушност е практична разработка на пресметките на царинските давачки. Во ова поглавје се дадени теоретски насоки за начинот на пресметка на царинските давачки преку практични примери и задачи. Практикумот ќе им овозможи на студентите од студиската програма Бизнис логистика да ги совладаат основните тематски целини кои се однесуваат на пресметките на царинските давачки и пополнувањето на единствениот царински документ- ЕЦД, со што ќе стекнат и основни сознанија за оваа мошне значајна и исклучителна област.
Практикумот претставува едукативен пишан стручен труд, прилагоден на потребите за образование и едукација во областа на царината. Затоа овој практикум е особено значаен, како од теоретски, така и од практичен аспект.

Item Type: Teaching Resource
Uncontrolled Keywords: царина, единствен царински документ, давачки, пресметки, документи
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Snezana Bardarova
Date Deposited: 19 Feb 2014 13:57
Last Modified: 15 Apr 2015 09:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9280

Actions (login required)

View Item View Item