Автоматска регулација на пумпни станици со фреквентен регулатор

Gjorgjievski, Ognen and Gelev, Saso and Golubovski, Roman (2013) Автоматска регулација на пумпни станици со фреквентен регулатор. In: Зборник на трудови: Прва меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“. Универзитет „Евро-Балкан“ Скопје. ISBN 978-608-4714-05-7

[thumbnail of [EUBA2013] 5 - Golubovski.pdf]
Preview
Text
[EUBA2013] 5 - Golubovski.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Современите системи за регулација на пумпните станици со повеќе пумпи потребно е да обезбедат константен и постојан притисок при променлив проток, избегнување на осцилации и промена на притисокот при вклучување на пумпите, меко стартување на пумпите со што се елиминираат механичките оштетувања, едноставен начин на поставување на параметрите и дијагностицирање на инсталацијата, избегнување на нестабилен режим на работа на пумпите (пумпање), избегнување на кавитационен режим на пумпите, економично решение. Исполнување на наведените барања во реалните системи не е можно без систем за автоматска регулација со повратна врска. Во практична примена најголем број на пумпни станици работат со:
• Каскадна регулација која е пропратена со осцилации на притисокот.
• Континуирана регулација на една пумпа, вклучување и исклучување на останатите пумпи во зависност од притисокот и протокот кој ги бара инсталацијата.
Во трудот се предлага решение за поквалитетна работа на пумпните станици со еден фреквентен регулатор при што секоја пумпа се вклучува преку меко стартување преку фреквентниот регулатор. Регулација на притисокот се врши со промена на бројот на вртежи во зависност од зададениот и отчитаниот притисок од сензорот за притисок. Останатите пумпи се префрлуваат директно во мрежа откако ќе бидат залетани. Со трудот е опфатено изготвување на софтверска апликација за програмибилен логички контролер и софтверска апликација за графички терминал преку кој ќе се задаваат и отчитуваат работните параметри.

Item Type: Book Section
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Roman Golubovski
Date Deposited: 10 Feb 2014 14:11
Last Modified: 07 Apr 2014 12:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9148

Actions (login required)

View Item View Item