Развојни и производно-технолошки карактеристики кај интродуцирани генотипови ориз (Oryza sativa L.) во агроеколошки услови на кочанскиот регион

Ilieva, Verica and Andreevska, Danica and Markova Ruzdik, Natalija (2008) Развојни и производно-технолошки карактеристики кај интродуцирани генотипови ориз (Oryza sativa L.) во агроеколошки услови на кочанскиот регион. Годишен зборник 2008, Yearbook. pp. 27-36. ISSN 1409-987X

[thumbnail of В.И - 9.pdf] Text
В.И - 9.pdf

Download (634kB)

Abstract

Девет генотипови ориз (гарант, земја, мизија, кубрат, хоризонт, дунав, линија-2, линија 305 и ЛМ-БП), интродуцирани од Република Бугарија, се испитувани во споредба со две стандардни сорти ориз (монтичели и бисер-2) во услови на кочанскиот оризопроизводен регион. Испитувањата се спроведени во 2006 и 2007 година. Добиени се различни вредности за испитуваните својства, како резултат на сортната специфичност и годината на одгледување. Генотиповите ЛМ-БП и кубрат постигнаа повисок принос на бел ориз од стандардните сорти. Истражувањата кај овие генотипови понатаму треба да продолжат со посебен осврт на квалитетните својства и нивната реакција на одредени агротехнички мерки. Останатите испитувани генотипови, поради одделните позитивни својства со кои се карактеризираат ќе бидат вклучени во нови селекциони програми.

Item Type: Article
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Verica Ilieva
Date Deposited: 15 Nov 2012 10:52
Last Modified: 23 Feb 2015 12:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/904

Actions (login required)

View Item View Item