Пракса во хотелско-угостителски објекти

Taskov, Nako and Dimitrov, Nikola and Metodijeski, Dejan (2013) Пракса во хотелско-угостителски објекти. ISBN 978-608-4708-73-5.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за предавањата и подготвување на испитот по наставните предмети: Пракса во хотелско-угостителски објект 1, 2 и 3, кои се изучуваат на Хотелско-ресторанската насока.
Предметот Пракса во хотелско-угостителски објект 1, се изучува во првиот семестар на прва година, како изборен предмет, со фонд на часови 2+1+1 и носи 4 кредити. Предметот Пракса во хотелско-угостителски објект 2, се изучува во вториот семестар на прва година, како изборен предмет, со фонд на часови 2+1+1 и носи 4 кредити. Предметот Пракса во хотелско-угостителски објект 3, се изучува во шестиот семестар на трета година, како задолжителен, со фонд на часови 2+2+1 и носи 6 кредити.
Содржината на скриптата ја опфаќа потребната материја за предавања по предметот Пракса во хотелско-угостителски објект 1, 2 и 3, според наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Предметните програми по предметите Пракса во хотелско-угостителски објект 1, 2 и 3 се составени од 12 предавања и тоа:
- Поим, видови и значење на практичната работа;
- Подготовка за практична работа;
- Избор на објекти за практична работа;
- Практична работа во земјата и странство;
- Договор и упатница за практична работа;
- Контрола на практичната работа;
- Пополнување и водење на дневник за практична работа;
- Придобивки од практичната работа;
- Оценување на придобивките од практичната работа;
- Практична работа во објекти за сместување;
- Практична работа во објекти за исхрана и
- Практична работа во други видови туристички и угостителски објекти.
Скриптата е изготвена со цел да се унапреди наставата по предметите Пракса во хотелско-угостителски објект 1, 2 и 3 и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Од тие причини, скриптата е изработена во дванаесет предавања.
Првото предавање е наменето за студентите да добијат основни информации за видовите и значењето на практичната работа, како и основни термини кои се поврзани со практичната работа и Правилникот за практична работа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Во второто предавање се објаснуваат подготовките за практичната работа и тоа: набавка на униформа и опрема; физичкиот изглед; комуникацијата и однесувањето со гостите; промените кои можат да настанат во животот на практикантите и друго.
Во третото предавање се обработува материјата поврзана со избор на објект за извршување на практичната работа. Објаснети се двете можности кои стојат пред студентите: сами да си изберат објект за пракса, или Факултетот за туризам и бизнис логистика да избере објект кој најмногу ќе им одговара.
Четвртото предавање е поврзано со можноста студентите да ја извршуваат практичната работа во угостителски објекти ширум нашата земја или во некоја друга држава. Дадени се примери од досегашното работење на практикантите во нашата држава и странство.
Петтото предавање се фокусира на договорот за практична работа и упатницата за пракса. Објаснети се овие документи, нивната содржина, намена, и начин на потполнување. Сите документи се дадени во прилог на материјалот.
Шестото предавање се задржува на контролата на практичната работа. Контролата може да биде од страна на одговорно лице од Факултетот и од страна на одговорно лице од организацијата каде практикантот е на пракса. Во прилог на текстот, даден е пример на табела за евалуација на практикантот.
Во седмото предавање се обработува материјалот поврзан со Дневникот за практична работа. Дневникот е даден во прилог, објаснета е неговата намена и дадени се насоки за негово можно потполување.
Осмото предавање го опфаќа материјалот поврзан со придобивките од практичната работа кои ги имаат студентите. Објаснет е персоналниот и професионалниот развој на практикантите.
Деветтото предавање е поврзано со оцената на придобивките од практичната работа, т.е. како студентите треба да ја усовршат техниката на пишување (писмено изразување). Од придобивките, студентите треба да бидат во можност да напишат индивидуална работа и да ја збогатат својата автобиографија (CV).
Во десеттото предавање прикажани се видовите на угостителски објекти за сместување и можните работни позиции кои би ги имале практикантите.
Во единаесеттoто предавање претставени се видовите на објекти за исхрана и можностите на студентите за извршување на практична работа во некои од нив.
Последното, дванаесетто, предавање е наменето за приближување до студентите кон другите видови туристички и угостителски објекти, кои се дел од поголемото туристичко стопанство и индустријата на гостопримството и можностите за пракса во нив.
Имајќи предвид дека ова е прво издание, и можеби сме пропуштиле некои карактеристики на практичната работа во хотелско-угостителските објекти, мислењата и забелешките можат да се упатуваат до нас по електронски пат. За сите забелешки, авторите ќе ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при ново изменето и дополнето издание на скриптата. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на содржината на скриптата.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 16 Jan 2014 13:07
Last Modified: 15 Apr 2015 10:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8641

Actions (login required)

View Item View Item