Mirascieva, Snezana and Petrovski, Vlado and Petrova Gjorgjeva, Emilija (2013) Предизвиците на современото воспитание и образование во контекст на самооценувањето на учениците како социо-културен проблем. In: Социо-културни проблеми и предизвиците на современоста, 18-19 Oct 2013, Tetovo, Macedonia.
Preview |
Text
Самооценувањето на учениците СМ.pdf Download (400kB) | Preview |
Preview |
Text
Мирасчиева.pdf Download (299kB) | Preview |
Abstract
Современото општество ги рефлектира своите барања и насоки на модернизација на полето на образованието каде се среќаваме со многу предизвици. Еден од нив е самооценувањето на учениците во наставата. Имено, оценувањето треба да се однесува на сите аспекти на развој на личноста на ученикот и во тој случај оценувањето може да има формативна функција. Тоа значи зачестено и интерактивно вреднување на постигањата на учениците, разбирање на потребите за учење, како и прилагодување на методите на поучување согласно потребите и способностите на ученикот.Најреално е оценувањето каде во мислењето за донесување на оцена учествува и ученикот и наставникот јавно и транспарентно. Од тука се јавува потреба од реално оценување и согледување на нивото на постигнувања од страна на самиот ученик. Процесот на оценување не треба да се сведува на вреднување на квантитетот на знаење или незнаење туку напротив треба да ги земе во предвид претходните следења, мерења, интересот на ученикот, неговиот однос кон задачите и слично.На тој начин се изградува моралниот лик на ученикот.Токму поради овој факт учениците би требало навремено и правилно да се воведуваат и оспособуваат за сопствено проценување и вреднување како и за меѓусебно оценување. Со вклучувањето на учениците во процесот на оценување и самооценување се развива ученичката демократија во училиштето, се подобрува општата клима на релација наставник-ученик, а најважно од се е развивање на позитивните вредности на личноста на ученикот и наставникот.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Snezana Mirascieva |
Date Deposited: | 23 Dec 2013 14:07 |
Last Modified: | 23 Dec 2013 14:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8470 |
Actions (login required)
View Item |