Petrevska, Biljana (2013) Интерен практикум за вежби по Основи на економика. . (Unpublished)
Preview |
Text
Интерен практикум за вежби по Основи на економика.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Ракописот претставува практикум за интерна употреба кој е наменет единствено за студентите кои го изучуваат предметот Основи на економика на Факултетот за туризам и бизнис логистика - Гевгелија при Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип. Основна цел е да им помогне во совладувањето на најважните теми од микро и макро економија. Нивото и стилот на вежбите се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Притоа, вежбите ја следат материјата која се обработува по предметот Основи на економика на насоката Бизнис логистика. Имајќи предвид дека ова е нерецензиран ракопис, не е исклучена можноста ракописот да има одредени недостатоци кои треба објективно да се согледаат и надминат.
Интерниот практикум по вежби се состои од дванаесет вежби, од кои вежба бр. 1 до бр. 6 ги покриваат најзначајните теми од микроекономија, додека вежбите од бр. 7 до бр. 12 обработуваат прашања од макроекономијата. Така, во првата вежба дадени се генерални концепции кои се однесуваат на наставната содржина, основната литература, а презентирани се и предлог теми за избработка на проектна задача. Во втората вежба акцентирани се најважните термини од темите Економијата како наука и Базични економски концепти. Основните елементи на побарувачката и понудата се теми на третата вежба. Во четвртата вежба обработени се теми од главата Основи на теоријата на производството, надополнети со прашања за дискусија од главата посветена на трошоците. Петтата вежба ги третира најинтересните прашања за совршена конкуренција и монополот, додека тема на шестата вежба е проблематиката за олигопол. Седмата вежба започнува со дополнителни појаснувања за клучните макроекономски поими, а воедно дадени се насоки за пресемтување номинален БДП, реален БДП и БДП дефлатор. Во осмата вежба дадени се примери за пресметување маргинална склоност кон потрошувачка и штедење, како најкарактеристични поими од темата Потрошувачка, штедење и инвестиции. Пресметувањето кредитен и паричен мултипликатор е појаснето во вежбата бр. 9. Десеттата вежба ги акцентира најинтересните точки од главата Фискална политика, додека единаесеттата вежба потсетува на поими од монетарната политика. Последната, вежба бр. 12 е посветена на последните теми од наставната програма, а се однесуваат на Меѓународна економија и Макроекономијата денес.
Со цел на студентите да им се овозможи полесно совладување на материјата, разбирање на посложените поими и поврзување на теоретските и методолошките концепти со практиката, интерниот практикум содржи неколку педагошки алатки:
o Секоја вежба започнува со краток преглед на содржината која е разработена во главата која е предмет на таа вежба;
o Во секоја вежба поставени се целите на учење кои треба да ги постигнат студентите преку совладување на дадената материја;
o Понудени се примери кои треба материјата да ја доближат до студентите, сликовито да ја појаснат и да го направат практикумот поинтересен;
o На крајот од секоја вежба поставени се повеќе задачи и прашања за дискусија кои им овозможуваат на студентите да проверат дали целосно ја разбрале материјата.
Интерниот практикум за вежби е од помош на студентите при подготовка на испитот по предметот Основи на економика.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 23 Dec 2013 09:08 |
Last Modified: | 23 Dec 2013 09:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8461 |
Actions (login required)
View Item |