Leontik, Marija (2013) Македонскиот јазик во образовниот процес кај турската националност во Македонија. Прв, втор, друг јазик: хрватско-македонски споредби. pp. 143-151. ISSN 978-953-296-071-6
Preview |
Text
makedonski-prv-vtor-drug-jazik-2013.pdf Download (904kB) | Preview |
Abstract
Во овој труд ќе стане збор за улогата на македонскиот јазик во образовниот процес на турската националност во Македонија. Турската националност во Македонија има право да се образува на својот мајчин јазик во основното и во средното образование. Македонскиот јазик како предмет се изучуваше по четврто одделение, а со новите наставни програми од прво одделение. Во поголемите градови најголем дел на децата од турската заедница во основното и во средно училиште се образуваат на мајчиниот турски јазик и обично без некои поголеми проблеми се вклопуваат во понатамошната настава. Но децата од помалите градови и села обично имаат услови само основното училиште да го завршат на мајчиниот турски јазик (често и само четири одделенија), а потоа поради немање на училишта со паралелки на турски наставен јазик во нивните села и градови наставата ја продолжуваат на македонски јазик. Поради недоволно познавање на македонскиот јазик учениците во овие средини се соочуваат со разновидни проблеми, нивниот квалитет не доаѓа до израз и не успеваат да станат конкурентни. Затоа сметаме дека постепеното изучување на македонскиот јазик од прво одделение ќе им овозможи на учениците од турската заедница подобро да го совладаат македонскиот јазик, а тоа пак ќе придонесе да се зголеми бројот на студентите и нивниот квалитет и конкурентност да дојдат до израз.
Клучни зборови: образовен процес, турска националност, македонски јазик
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 20 Dec 2013 15:15 |
Last Modified: | 20 Dec 2013 15:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8459 |
Actions (login required)
View Item |