Муликултурализам и интеркултурна комуникација

Petrovski, Vlado and Mirascieva, Snezana (2013) Муликултурализам и интеркултурна комуникација. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608--4708-36-0

[thumbnail of Владо Петровски Снежана Мирасчиева Мултикултурализам и интеркултурна комуникација.pdf]
Preview
Text
Владо Петровски Снежана Мирасчиева Мултикултурализам и интеркултурна комуникација.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Трудот Мултикултурализам и интеркултурна комуникација е плод на долгогодишна научноистражувачка работа со теориско-емпириски карактер на двата општествени феномени, културата и комуникацијата. Идејата за симбиоза на културата и комуникацијата е одговор на барањата на времето во кое живееме. Имено, синергичниот пристап на културата и комуникацијата претставува продукт на веќе познатиот факт за општествената димензионираност на двете категории, култура и комуникација, од една страна, но и процесуалната димензија на истите, од друга страна.
Во трудот е направен обид да се одговори на неколку есенцијални прашања кои се однесуваат на суштината, значењето и структурата на културата и комуникацијата и нивната тесна поврзаност во заедницата, особено во заедница на различни култури и комуникацијата меѓу нив, со што уште еднаш ќе упатиме на сознанијата за нивната нераскинлива поврзаност. Ефективното дејствување на комуникацијата меѓу различните културни ентитети е сигурен пат кон прогрес на културно хетерогената заедница и нејзините членови, во целост.
Трудот е наменет за секој кој ги следи движењата во заедницата во 21 век, кои по својата интенционалност се карактеризираат со заедништво, соработка, прогрес, партнерство и меѓусебна почит и разбирање.
Нашата цел беше да ги систематизираме сознанијата за културата и мултикултурализмот, комуникацијата и интеркултурната комуникација, во што се надеваме дека успеавме. Исто така, цениме дека овој труд ќе биде повод и причина за други истражувања кои во одреден домен допираат до проблемот на мултикултурализмот и интеркултурната комуникација.

Штип, 2013 Aвторите

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Mirascieva
Date Deposited: 18 Dec 2013 09:29
Last Modified: 18 Dec 2013 09:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8428

Actions (login required)

View Item View Item