Mladenoski, Ranko (2006) Наратолошки прирачник. Современост, 54 (3). pp. 125-133. ISSN 0038-5972
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 7 dekemvri 2013_Za Strukturata na mak roman Sovremenost_Ranko Mladenoski Naratoloski priracnik.pdf Download (96kB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува рецензија (осврт) за книгата „Структурата на македонскиот реалистичен роман“ од Венко Андоновски објавена во 1997 година од издавачот „Детска радост“ во Скопје. Оваа книга, всушност, е докторската дисертација на универзитетскиот професор Андоновски одбранета на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во трудот се нагласува дека оваа книга, уште со нејзиното појавување, изврши едно крупно поместување нанапред во проучувањето на македонскиот роман, но и едно сериозно ревалоризирање на голем дел од дотогашните сознанија до кои дојде македонската книжевна историја и македонската книжевна критика. Покрај ова, во освртот се дава и еден мошне детален преглед на сегментите од кои е составена оваа книга на Андоновски, а тоа се трите крупни поглавја: „Поими“, „Дескрипции“ и „Модели“. Откако е извршена елаборацијата на овие три поглавја, некаде на крајот од освртот се заклучува дека сериозните и ингениозните дескрипции во книгата резултираат со издржана и аргументирана теориска конструкција на два модела на македонскиот роман, како и тоа дека со оваа книга професорот Андоновски покажа дека дури и најсложените прашања од теоријата на литературата, или поконкретно од семиологијата и наратологијата, може да се предочат пред читателот со еден читлив и лесно разбирлив јазик. Токму затоа, сосема на крајот од освртот, се вели дека „Структурата на македонскиот реалистичен роман“ од Венко Андоновски е книга која заслужува постојано да ѝ се навраќаме.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 12 Dec 2013 14:02 |
Last Modified: | 12 Dec 2013 14:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8386 |
Actions (login required)
View Item |