Stojceska Gjorgioska, Mirjana and Serafimova, Mimoza (2013) Развивање на претприемнички способности. In: Втор симпозиум со меѓународно учество - Современите менаџерски предизвици и организациските науки, May 2013, Струмица, Р.Македонија.
Preview |
Text
Развивање претприемнички способности.pdf Download (389kB) | Preview |
Abstract
Во светот на глобализација и предизвици на современиот свет, во кој знаењето, иновациите и промените се случуваат секој миг, се поставува прашање кои се тие знаења, вештини и способности кои треба да ги усвои поединецот, за да биде успешен во личниот и професионалниот живот, имајќи во предвид дека традиционалниот систем на образование не може доволно брзо и ефикасно да реагира, како би ги следел промените. Затоа една од клучните компетенции за доживотно учење, по препорака на Европскиот парламент и совет е претприемништво.
Улогата на образованието за развојот на претприемништвото е мошне специфична. За разлика од традиционалните дејности, каде образованието се искористува за подобрување на позициите преку целиот живот, за претприемничките дејности, пак, совладувањето на професионалните знаења продолжува перманентно, додека индивидуата ја негува својата професија.
Наставниците кои предаваат образование за претприемништво мораат сами да бидат претприемачи и да применуваат претприемнички методи и техники во тие процеси.
Клучни зборови: претприемништво, способности, образование.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Mimoza Serafimova |
Date Deposited: | 10 Dec 2013 14:44 |
Last Modified: | 06 Aug 2015 12:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8378 |
Actions (login required)
View Item |