Корените и меѓите на постоењето

Mladenoski, Ranko (2007) Корените и меѓите на постоењето. Современост, 55 (5). pp. 140-146. ISSN 0038-5972

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Za repozitorium 3 dekemvri 2013_Za Sardzovski Cvetniot pat Sovremenost_Ranko Mladenoski Korenite i megjite na postoenjeto.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Za repozitorium 3 dekemvri 2013_Za Sardzovski Cvetniot pat Sovremenost_Ranko Mladenoski Korenite i megjite na postoenjeto.pdf

Download (64kB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува рецензија (осврт) кон книгата „Цветниот пат“ од Перица Сарџоски, објавена во 2007 година од издавачот „Современост“ во Скопје. Во трудот се нагласува дека книгата со наслов „Цветниот пат“ од Сарџоски е еден мултидисциплинарен проект во чии рамки се оперира со трите основни човекови духовни дејности – уметноста, науката и мистиката – и дека меѓу нив авторот не поставува строги граници трагајќи кон бодлеровското „непознато ново“. Понатаму во трудот се даваат основните особености на текстовите што се составен дел на „Цветниот пат“, а тоа се патописот „Цветниот пат – дневникот на двајца талкачи“, „Четиво за богомилите“, „Смарагдната табличка на Хермес“, „Четиво за симболите“, „Четиво за кристалите“, „Четиво за дрвото на животот“ и други. Во заклучокот на оваа рецензија се потенцира дека „Цветниот пат“ од Перица Сарџоски е книга која постојано го држи читателот на меѓата од јавето и сонот, на границата помеѓу познатото и непознатото, меѓу научното и мистичното и дека тоа е книга која се обидува да го најде флуидот меѓу тие поларитети со цел да го открие нивниот заеднички именител.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 05 Dec 2013 11:17
Last Modified: 05 Dec 2013 11:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8317

Actions (login required)

View Item View Item