Интерна скрипта по Информациони системи и логистика

Petrevska, Biljana (2011) Интерна скрипта по Информациони системи и логистика. . (Unpublished)

[thumbnail of Интерна скрипта по Информациони системи и логистика.pdf]
Preview
Text
Интерна скрипта по Информациони системи и логистика.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Ракописот претставува скрипта за интерна употреба која е наменета единствено за студентите кои го изучуваат предметот Информациони системи и логистика на Факултетот за туризам и бизнис логистика - Гевгелија при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип (наставна програма 2010/2011). Основна цел е да им помогне во совладувањето на најважните теми од областа на информационите системи и логистиката. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Имајќи предвид дека ова е нерецензиран ракопис, не е исклучена можноста ракописот да има одредени недостатоци кои треба објективно да се согледаат и надминат. Оттука, секоја добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.
Интерната скрипта се состои од осум глави кои ги покриваат најзначајните теми кои вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, првата глава ги обработува поимните определби кои се однесуваат на информациите и современиот развоен тренд. Втората глава ги појаснува системското дизајнирање и системската анализа. Воведот за проблематиката која ја третира менаџмент информациони системи е презентиран во третата глава. Имајќи предвид дека моделирањето на менаџмент информационите системи е од особено значење, поимните определби се детално разработени во четвртата глава. Петтата глава зборува за логистичките информациони системи, додека шестата глава дава приказ на глобалното окружување и логистиката. Седмата глава го појаснува развојот на високо-квалитетни логистички системи. Осмата, последна глава од ракописот, е во целост посветена на пронаоѓање решенија за подобрување на логистичката изведба.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 03 Dec 2013 12:19
Last Modified: 03 Dec 2013 12:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8282

Actions (login required)

View Item View Item