Драми за македонската драма

Mladenoski, Ranko (2008) Драми за македонската драма. Современост, 57 (4). pp. 112-117. ISSN 0038-5972

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 23 noemvri 2013_Za dramite na Petre Bakevski Sovremenost_Ranko Mladenoski Drami za makedonskata drama.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 23 noemvri 2013_Za dramite na Petre Bakevski Sovremenost_Ranko Mladenoski Drami za makedonskata drama.pdf

Download (66kB) | Preview

Abstract

Овој труд е рецензија за двата тома од собрани драми од македонскиот автор Петре Бакевски објавени во 2007 година (Петре Бакевски, Драми, Кн. 1, Кн. 2, Тера магика, Скопје). Станува збор, имено, за десет драми на Бакевски (шест драми во првиот том и четири во вториот том) од кои девет се порано објавени, а драмата со наслов „Арарат“ се објавува за првпат во ова издание. Некои од овие драми (како, на пример, „Мртвите можат да танцуваат“, „Суво дрво од Вавилон“, „Белите коњи“, „Кралот е повторно жив“) се изведувани и како театарски претстави во периодот од 2002 до 2006 година. Во освртот кон драмите на Бакевски се нагласува дека во нив има една општа тема (впрочем како и во неговите песни, раскази, новели, романи), а тоа е – Македонија, како и тоа дека таа главна тема има голем број составни елементи како што се разнебитувањето, предавствата, братоубиствата, борбата, слободата, пропагандите, корените (историјата) и сл. Во заклучокот од рецензијата се нагласува дека драмите на Петре Бакевски содржат во себе еден широк спектар на значења и пораки коишто се вметнати во драмското дејство, во драмските дијалози и монолози, во експликациите, пролозите, дидаскалиите итн., односно дека станува збор за едно богато и многузначно драмско творештво.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 02 Dec 2013 10:56
Last Modified: 02 Dec 2013 10:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8264

Actions (login required)

View Item View Item