Mladenoski, Ranko (2009) Carmina figurata од Елена Пренџова. In: Елена Пренџова, Таа. Академски печат, Скопје, pp. 71-75. ISBN 978-9989-172-88-5
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za repozitorium 23 noemvri 2013_Elena Prendzova Taa Carmina figurata_Ranko Mladenoski Carmina figurata od Elena Prendzova.pdf Download (56kB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува рецензија, односно осврт кон поетската збирка „Таа“ од младата македонска поетеса Елена Пренџова објавена во 2009 година во Скопје. Во трудот особено внимание се обрнува на таканаречените „сликарски песни“, односно на калиграмите од збирката при што се нагласува дека голема свежина во оваа збирка, но и во поширокиот современ македонски поетски контекст, носат седумте песни структурирани како калиграми, односно како лирски идеограми. Калиграмот, всушност, претставува песна чиј мотив е претставен и ликовно со испреплетување на буквите и зборовите. Во збирката „Таа“ среќаваме разни форми како што се срце, бранови, око, ноти и сл. Во заклучокот од освртот се нагласува дека со оваа збирка Елена Пренџова ни нуди еден поетски текст кој станува привлечен за љубителите на стихот и со својата содржина и со својата форма. Нејзината поезија во оваа збирка осцилира од едноставниот колоквијален стил па сè до возвишениот метафоричен, односно метафорично-метонимиски израз. Овој невообичаен ликовно-поетски запис покажува дека Пренџова уште со својата втора поетска збирка стапнала на сопствениот поетски пат чии патокази го рефлектираат личниот, особениот стихотворен печат.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 02 Dec 2013 09:45 |
Last Modified: | 02 Dec 2013 09:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8223 |
Actions (login required)
View Item |