Динамичен дискурс во променлив сетинг

Mladenoski, Ranko (2004) Динамичен дискурс во променлив сетинг. Современост, 52 (2). pp. 71-79. ISSN 0038-5972

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Povesti Jato Bakevski_Ranko Mladenoski Dinamicen diskurs vo promenliv seting.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi od 2011 za repozitorium 16 noemvri 2013_Povesti Jato Bakevski_Ranko Mladenoski Dinamicen diskurs vo promenliv seting.pdf

Download (93kB) | Preview

Abstract

Трудот претставува интерпретација на збирката повести со наслов „Јато“ од Петре Бакевски објавена во 2003 година од издавачот „Тера магика“ од Скопје. Станува збор, имено, за текст во кој се анализираат основните структурни елементи на нарацијата во оваа книга на Бакевски. Како мошне значајни наративни сегменти од повестите „Јато“ во текстот се изделуваат променливиот (односно калеидоскопскиот) сетинг, фантастичното позиционирано во еден реален (но и реалистичен) хронотоп, манипулацијата на нараторите со фокализантните точки, како и ликовите конструкти (реалистични vs фантастични/ фантазмагорични ликови). Сите овие структурни елементи на повестите детално се елаборираат во овој труд. Во заклучокот од текстот се нагласува дека безмалку на секоја страница од оваа книга се чувствува петребакевскиот бунт против уништувањето на македонското национално и државно богатство и дека збирката „Јато“ е, всушност, бунт против сето она што не е кадарно да го брани и да го зачува македонскиот национален идентитет.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 22 Nov 2013 11:07
Last Modified: 22 Nov 2013 11:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8170

Actions (login required)

View Item View Item